“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

       
Силвија Стојановска

 




Силвија Стојановска, родена во Скопје, 1960 година. 1982 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, а веќе следната година се вработува во Драмски театар Скопје. За мошне кратко време, со својата извонредна сценска појава, упорна работа и талент, оствари поголем број главни и спредни улоги во проекти за најмладите, но и на Вечерната сцена. За некои од нив се здоби и со повеќе награди и признанија.




Поважни театарски улоги:

Кристина – Дупло дно од Г. Стефановски, ДТС
Наташа – Карамазови од Д. Јовановиќ, ДТС
Ружа – Тетовирани души од Г. Стефановски, ДТС
Виола – Ноќ спроти Водици од Шекспир, ДТС
Злата – Свадба од В. Иљоски, ДТС
Шантал – Балконот од Ж. Жене, ДТС
Нина – Чија си? од С. Насев
Цвета – Грев или шприцер од С. Насев
Елвира – Дон Жуан од Молиер, ДТС

Други претстави од репертоарот на Драмски театар – Скопје: Еригон, Умна глава, Патувачки театар Шопаловиќ, Р, Смртта на Дантон, Стапица, Медеја, Соновија, Ало будење, Самоубиец, Не сега драга, Харем, Жени во народното собрание, Домот на Бернарда Алба и други.

Филм и ТВ:

Превртено, р. Игор Иванов – Изи, 2007
Боли ли? Првата балканска догма, р. Антеа Лешникова, 2007
Како убив светец, р. Теона Митевска, 2004
Погрешно време, ТВ серија, МРТВ, 2000
Пред дождот, р. Милчо Манчевски, 1994
Грев или шприцер, р. Миле Грозданоски, ТВ филм, 1993
Време живот, р. Иван Митевски, 1992
Поштар, р. Богдан Поп Ѓорчев, ТВ филм, 1991
Заминувањето од Пасквелија, р. Иван Митевски, ТВ филм, 1991
Трето доба, р. Иван Митевски, ТВ серија, 1986
Комедијанти, р. Душко Наумовски, ТВ серија, МРТВ, 1984
Премиера, р Ацо Алексов, ТВ, 1983
Јужна патека, р. Стево Црвенковски, 1982
Време на летала, р. Иван Митевски, ТВ, 1982
Црвениот коњ, р. Столе Попов, 1981

Награди:

Награда на Покраинскиот комитет на Сојузот на Созијалистичката младина на Војводина за најдобар млад актер на Стерииното позорје во 1984 година за улогата на Кристина во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
Специјална награда за млад актер на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Наташа во претставата „Карамазови“ од Д. Јовановиќ.

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios