“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

       
Душица Стојановска

 

Душица Стојановска, родена 01.11.1957 година. 1980 год. дипломира на Факултетот за Драмски Уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на Проф. Тодорка Кондева Зафировска. Од 1980 до 1985 година работи како актер во Народниот театар – Куманово каде игра во претставите: „Змија“, „Пасквелија“, „Разбуди се Кате“, „Хај – Фај“, „Гама зраци“, „Мојот татко социјалистички кулак“ и други. Од 1986 година се вработува во Драмски театар Скопје каде игра во представите: „Викенд на мртовци“, „Свадба“, „Татко“, „Стапица“, „Не сега драга“, „Солунски патрдии“, „Заводникот од западниот свет“, „Хамлет од Долногаштани“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Македонски рулет“ и други. Учествува и во други сценски проекти и драми како: „Изборот е твој“, „Бона“, детските претстави „Шегите на прасињата“, „Соновија“, „Волшебното цвеќе“, „Крале Марко и Феферона“, „Господарот на шумите“, „Свињарот и принцезата“, „Солта поскапа од злато“ и други. Игра и во неколку телевизиски и радио емисии и драми како во ТВ драмата „Двојка“, ТВ сериите „Наши години“, „Илинден“, „Погрешно време“, „Цимери“ и филмот „Јужна патека“. Добитник е на наградата „Војдан Чернодрински“ во 1985 година и наградата за млад и надежен актер од Вечер.

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios