Additional Info

  • Календар во претстава:
    Март
    П В С Ч П С Н
    26 27 28 29 1 2 3
    4 5 6 7 8 9 10
    11 12 13 14 15 16 17
    18 19 20 21 22 23 24
    25 26 27 28 29 30 31

Пантаглез

Автор:  Мишел Де Гелдерод

Режија:  Владимир Милчин

Премиера - 16.11.2019

Човечето Пантаглез останува архетип, човек за пример, останува човек и во времето кога сѐ е обесчовечено. Тој е последниот поет, а поет е оној кој верува во небесните гласови, откровенијата, во нашето божествено потекло. Тој е човек кој во срцето го зачувал богатството на своето детство и кој низ катастрофите поминува со апсолутна невиност. Од Персифал му е чистотата, од Дон Кихот му е смелоста и светата простодушност. А кога умира, умира само затоа што во нашите времиња невините мора да бидат убиени. Таков е законот уште од времињата Исусови. Амин!

Мишел де Гелдерод

Основниот тон на Гелдеродовото доживување на светот е суровоста која се огласува во смеата. Тоа е клучот на неговата гротеска. Револуционерите во Гелдеродовиот свет не ги унапредуваат општествата, туку уште повеќе ги продлабочуваат човечките страдања. Главниот лик Пантаглез, половина филозоф, а половина кловн, без да сака и без да биде свесен е вовлечен во една група револуционери.Чаплиновското маженце Пантаглез, кој, не претчувствувајќи ништо, со баналната реченица за убавиот ден ќе предизвика револуција во чиј центар ќе се најде и ќе биде стрелан.Тој умира како марионета, манипулиран до самиот крај од силите кои никогаш не можел да ги разбере. Човештвото и денес страда од болеста на заборавот и тоа го плаќа скапо и крваво. Една од мисиите на театарот е да го потсетува човештвото на неостварените и/или злоупотребените идеали, како и на заблудите кои ги заслепуваат и онеспособуваат луѓето. Боите се измешани: црвеното е црно, црното е црвено, левото е десно, десното е лево. Убавите денови се денови на помрачување. Помрачување на сонцето и помрачување на умот. Човештвото не научило ништо по сите револуции и контрареволуции. Денес луѓето знаат помалку од она што го знаеле по завршувањето на последната, Втората светска војна. Овој организиран заборав ги прави можни и катастрофите низ кои поминува човештвото на почетокот на 21 век за кој наивно верувавме дека ќе го живееме во „најубавиот од сите светови“.

Ете ја Гелдеродовата метафора на модерната егзистенција: умираме во стапица без да знаеме зошто. Мрачна приказна, бездруго. Но Гелдеродовиот ироничен јазик и живописните ликови прават „Пантаглез“ да биде моќна пиеса, без оглед на тоа на која страна на барикадите стои гледачот.

Владимир Милчин

улоги:

Зоран Љутков - ПАНТАГЛЕЗ, овластен јунак на денот
Соња Стамболџиoска - РАХЕЛА ЗИЛБЕРШАЦ, Еврејка
Стефан Вујисиќ - ПОЗОН, полицаец, ограничен итрец
Димитрија Доксевски - БАМБУЛА, црнец
Златко Митрески - ИНОКЕНТИЈ, келнер
Александар Степанулески - БЕРГОЛ, брадест и куц
Дамјан Цветановски - ЛЕКИДАМ, млад ондулиран поет
Лазе Манасковски - МАК-БУМ, генерал
Игор Георгиев - УГЛЕДЕН АДВОКАТ / ШЕФ НА КАНЦЕЛАРИЈА
Предраг Павловски - ГЕНЕРАЛИСИМУС
Филип Трајковиќ, Жарко Јовановиќ, Симон Манасковски, Стефан Петровски и Никола Ристески - ОФИЦЕР, ВОЈНИЦИ, ПОЛИЦАЈЦИ, ДЕМОНСТРАНТИ

Превод: Најден Настев
Сценограф: Крсте С. Џидров
Костимограф: Марија Пупучевска
Избор на музика: Владимир Милчин
Тон мајстор: Чедомир Младеновски
Светло мајстор: Дејан Блажевски
Изработка на видео материјал и фотограф: Филип Кондовски
Изработка на плакат: Нита Муча

Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Даница Илиева