Additional Info

  • Календар во претстава:
    Јули
    П В С Ч П С Н
    1 2 3 4 5 6 7
    8 9 10 11 12 13 14
    15 16 17 18 19 20 21
    22 23 24 25 26 27 28
    29 30 31 1 2 3 4

Најава

Фестен

од Томас Винтерберг, Морген Руков и Бо Хр. Хансен
Сценска адаптација: Дејвид Елдриџ
Режија: Зоја Бузалковска

Драмата FESTEN од Дејвид Елдриџ е всушност адаптација на филмското сценарио со истоимен наслов, чии автори се Томас Винтерберг, Могенс Руков и Бо. Хр. Хенсен за првиот ДОГМЕ филм снимен во 1998 година. Драмскиот текст е напишан и праизведен во Алмеида театарот во Лондон во 2004 година и со голем успех изведуван на многу европски и светски театарски сцени. Во Македонија, овој современ, атрактивен материјал за работа, дури сега ја доживува својата праизведба.

FESTEN или ПРОСЛАВА е драма која се занимава со расчистување со хипокризијата на „здравото“, „големо“ патријархално семејство, преку следење на настаните на една семејна прослава во која се одбележува шеесеттиот роденден на таткото Хелге. Прославата се одвива во мрачната сенка на самоубиството на една од ќерките на Хелге, близначка со неговиот постар син, Кристијан, настан кој се случил неодамна.
Драма на односи, на внатрешни конфликти. Сложена психолошка приказна, која овозможува возбудлива потрага по најскриените човекови мисли и чувства, потрага која ги испитува границите на издржливоста. Драма за мирната површина и за подземните води, за глазурата и за она што се крие под неа, за тоа колку е тешко да се раскринка светот обмотан во цврстата обвивка на лажниот сјај и идилична атмосфера во која семејството и иднината на децата е најважно од сѐ.

Томас Винтерберг, режисер на филмот, кој и самиот има напишано сценска верзија што ја обиколи Европа, вели дека ја одобрува и британската верзија. „Кичма на приказната е речиси класична театарска драма, војна меѓу два лика во иста соба и поради ДОГМЕ правилата, силината на приказната не е во визуелните ефекти. Таа е во зборовите и изведбата, кои се единствените преживеани на театарската сцена“.
Во современата драматургија е навистина тешко да се најде драма која длаби по меѓучовечките односи по теркот на големите автори како Чехов, Ибзен или Стриндберг. Во оваа драма, секој од ликовите има свој простор, свој свет, свој удел во конфликтот и свој однос кон разрешувањето на проблемот што се третира. Претставата FESTEN се обидува да го следи ваквиот ракопис и да го зголеми влогот, но истовремено и да го доближи јазикот на театарот до ДОГМЕ филмскиот јазик.

Зоја Бузалковска, режисер

Сценска адаптација: Дејвид Елдриџ
Режија: Зоја Бузалковска
Превод: Благоја Б. Бошковски
Драматург: Александра Бошковска
Сценографија: Тодор Дајевски, Зоја Бузалковска
Костимографија: Марија Пупучевска
Сценски борби: Дарко Вељиќ
Асистент на режија: Димче Николовски
Изработка на плакат и звучни ефекти: Павле Игновски
Дизајн на светло: Звездан Миљковиќ
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Цртеж на плакат: Здравко Гиров
Тон мајстор: Чедомир Младеновски
Светло мајстор: Митко Ризов
Шминка: Јана Гугушевска Мандевска

Кристијан - Александар Степанулески
Михаел - Дејан Лилиќ
Хелене - Соња Стамболџиоска
Хелге - Диме Илиев
Елзе - Лилјана Велјанова
Мете - Емилија Мицевска
Хелмут - Димитрија Доксевски
Поул - Лазе Манасковски
Дедото - Ѓорги Тодоровски
Пија - Тамара Ристоска
Ким - Предраг Павловски
Ларс - Златко Митрески
Гбатокаи - Дениз Абдула
Девојчето - Анастасија Аневска

Премиера: 16.11.2018