Additional Info

  • Календар во претстава:
    Декември
    П В С Ч П С Н
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5

Најава

Снежана и седумте џуџиња

Режисер: Димче Николовски

„Вљубувањето е зачудувачко искуство – од една страна не би го менувале за ништо на светот, од друга, тоа е вистински пекол“

- Сем Шепард, автор

Приказната за Снежана, нејзината лоша маќеа и седумте џуџиња, е веројатно првата покомплексна приказна со која се среќаваме како деца. Преку неа, влегуваме во чудесниот нов свет на фантастичното, исполнет со волшебни суштества, бајковити предели и магии. Од друга страна, за прв пат и на приемчив начин нé соочува со комплексните морални и животни појмови и појави како што се љубовта, смртта, зависта, љубомората, доброто и злото. Па не е воопшто чудно што генијалниот Волт Дизни ја избрал токму оваа бајка како предлошка за првиот долгометражен анимиран филм на сите времиња.

Кога ќе тргнеме од овие позиции, се чини дека „Снежана и седумте џуџиња“ е идеална приказна преку која децата ќе ги внесеме во уште еден нов и чудесен свет – светот на театарот. Дејството, ликовите и поуките им се добро познати, па лесно се следат иако се преточени во поинаков, театарско-сценски раскажувачки модел. Истите околности, ни отвараат и уште една многу важна креативна перспектива: вметнување на нови, актуелни пораки, соодветни на денешното, современо доба.

- Александра Бошковска

Режија: Димче Николовски
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Лира Грабул
Музика: Димитар Андоновски
Драматург: Александра Бошковска

Снежана: Александра Павлова
Кралицата: Трајанка Илиева-Вељиќ / Калина Наумовска
Вештерката: Златко Митрески
Ловџијата, Капетан, Огледалото: Александар Степанулески
Принцот: Димитрија Доксевски
Војници: Мартин Минговски, Дритон Вејсели

ЏУЏИЊАТА:
Сезнајко: Соња Стамболџиоска
Муртенко: Сања Арсовска
Спанко: Благица Димитровска
Срамежливко: Емилија Мицевска
Клапчо: Бобан Алексоски
Веселко: Дарко Карбески
Здравко: Марко Илиќ

Премиера: 27.03.2016