Јавен оглас за вработување на неопределено време

  

Врз основа на чл.22 од Законот за работни односи -Пречистен текст ((„Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019 и 267/2020), член 77-в став 1 од Законот за култура (Сл. весник на РМ 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), чл.20-г, став 1  од Законот за вработените во јавниот сектор  и Согласноста од Министерство за финансии на РМ под бр.18-8582/2 од 25.12.2020. ,  вд Директорот на НУ Драмски театар Скопје на ден 30.12.2020 г. донесе

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

1.НУ Драмски театар Скопје има потреба од вработување на едно (1) лице на неопределено време на  работното место Друг раководител- Шифра КУЛ 03 04 Г01 003 , со полно работо време од 40 часа неделно, од 08,00-16,00 и согласно месечниот план за проби и претстави.Месечна нето плата без минат труд изнесува 37.045,00 денари.

2. Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:

- да е полнолетен,

- да има општа зравствена способност за работното место и

- со правосила судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

3. Кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови: Високо образование -  драмски уметности или средно уметничко  и најмалку 5 години работно искуство во струката.

4. Пријавата за вработување треба да содржи:

-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеeње, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон).

-кратко мотивациско писмо;

- кратка биографија;

- изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

- изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

-Уверение за државјанство- Копија;

-Диплома за завршено образование Оригинал или Копија заверена на нотар;

-Потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност(не постаро од 6 месеци) Оригинал;

-Лекарско уверение за општата здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци) Оригинал.

-Останати документи кои се наведени во точка 4 од овој Оглас- во оригинал.

Јавниот оглас трае 15 дена, сметајки од денот на неговото објавување во дневниот печат.

Постапката за селекција при вработувањето се врши преку административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас.

Кандидатите кои успешно ја поминалеа дминистративната селекција одат на интервју. Интервјуото го  спроведува Комисија за постапка за вработување .

Пријавите со сите потребни документи, кандидатите треба да ги достават до Архивата на НУ Драмски театар Скопје, на адреса: ул.„Шекспирова“ бр. 15, 1000 Скопје.

Ненавремените и некомплетните документи нема да се разгледуваат.

Кандидатите кои продолжуваат на интервјуто ќе бидат контактирани за местото и датумот на неговото одржување.

 

В.д Директор на НУ Драмски театар Скопје

Катарина Коцевска Хаџи Василева


Мај
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Огласи