Билјана Беличанец - Алексиќ

(25 јули 1973, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар “Војдан Чернодрински” - Прилеп (1994-1997), а од 1997 година е во Драмски театар Скопје. Од 2013 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин - слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела(Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/ Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Управничката (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Ема (Љубовници, 2015).

Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010).

Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата„ Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).

Март
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи