Диме Илиев

(19 септември 1952, Кавадарци)

Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1975). Од 1975 година работи во Драмски театар Скопје. Покрај настапите на матичната сцена, реализира голем број на телевизиски и филмски улоги.

Селективна театрографија: Алексис (Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975); Младичот (Црнила, 1977); Бепо-Џузепе (Рибарски караници, 1979); Коновал (Џон Пипплфокс, 1981); Паметна глава (Јадигар, 1983); Кралицата Розамунда/ Михајло Фјодоровиќ (Крал Иби, 1984); Јанез Митиќ (Карамазови, 1984); Сергеј со име Керубин (Керубин 2096, 1986); Наум искушеник кај Исус, брат на Максим Бродски (Р, 1987); Камиј Демулен (Смртта на Дантон, 1987); Иван Павловиќ (Собирен центар, 1989); Креонт (Медеја, 1989); Луј (Балконот, 1991);Танасие (Нажалена фамилија, 1991); Алонзо (Бура, 1992); Ештро (Од првиот здив, 1995); Брат/Филип (Вазна од порцелан, 1996); Зард (Европа, 1999); Директорот (Падот на невиноста, 2002); Дедо Мраз (Нема да верувате што ми се случи вечерва, 2003); Бумбарот (Како се станува цар, 2003); Чебуткин (Три сестри, 2004); Лелио (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Претседателот (Демонот од Дебар Маало, 2006); Иванов (Македонски рулет, 2007); Професорот (Кино љубов, 2007); Таткото (Евридика, 2013); Вангел (Огнени јазици, 2013); Таткото (Човекот кој го изеде светот, 2014); Едвард (Ждрело, 2014).

Селективна филмографија: Сослушување на железничарот (1977); Исправи се Делфина (1977); Наши години (1979), Викенд на мртовци (1988); Големата вода (2004); Сенки (2007).

Награди: Награда за главна машка улогата во „Сослушување на железничарот“ на Филмскиот фестивал во Порторож (1977); Награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за улогата на Ештро во претставата Од првиот здив (Струмица, 1995); Награда за најдобра машка улога на ИФАД Стоби за улогата на Таткото во „Евридика“ (2013); Награда за актер на годината за 2014 година, доделена од весникот „Дневник“ за улогата на татко во претставата „Човекот кој го изеде светот“ (Скопје, 2015) и други.

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи