Игор Стојчевски

(21 септември 1978, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (Скопје, 2002). Работи како асистент по предметот сценски движења и танци на Факултетот за драмски уметности (2004-2008). Вработен во  Драмски театар Скопје  од  2009 година.

Селективна театрографија: Максим (Падот на невиноста, 2002); Изи (Собрани дела Шекспир, 2002); Абсалом (Јонадаб, 2003); Дон Лизардо (Што е тоа што ги тера жениите навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004);  Ристе заб (Ладало, 2006); Јане (Македонски рулет, 2007); Прајор/ Човекот во паркот (Ангели во Америка, 2009); Лаерт (Хамлет, 2010);  Црвче (Олово на перница, 2011); Грофот (Вртелешка, 2012); Дуко (Македонска крвава свадба, 2012);  ХХХХ (Човекот кој го изеде светот, 2014); Еригон (Еригон, 2015); Мики (Чолак, 2015); Јов (Јов, 2016); Андреа (Буре барут, 2016).

Селективна филмографија: Прашина (2001); Илузија (2004); Стрмоглави (2006); Американецот (2006); Ова не е американски филм (2011);  Трето полувреме, 2012); Соба со пијано (2013); Бел ноќ (2015); Збор (2015); Преспав (2016).

Март
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи