(1 ноември 1957, Тетово)
Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (1980). Работи во НУ Театар Куманово (1980-1985), член на ансамблот на Драмски театар Скопје е од 1986 година. Особен интерес пројавува кон театарската продукција за деца, земајки учество во детски независни театарски проекти како актер, автор и режисер.
Селективна театрографија: Маре (Свадба 1986,); Слугинката (Татко,1989); Марија (Не сега драга , најдобро е попладне, 1991); Голубинка (Кумови, 1995); Сузан Брејди (Заводникот од западниот свет, 1997); Селанка (Хамлет од Долно Гаштани, 2004); Жена (Дон Жуан,2005); Сузе (Ладало, 2006); Селанката (Македонски рулет, 2007); Валијата (Македонска крвава свадба, 2012); Кире (Солунски патрдии, 2013); Девојката (Чија си, 2013); Рада (Живот во тесни чевли, 2014); Пудинг Џо (Капетанот Џон Пиплфокс, 2014).
Селективна филмографија: Наши години (1979); Јужна патека (1982); Погрешно време (2000).