Проекција на претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски

Како што најавивме #Драмски започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек делата на нашиот Горан Стефановски.

Во сабота (1.12) од 19:00 часот проекција на претставата „Диво месо“ (1979) oд Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски воведен збор и модератор на настанот ќе има м-р Александра Бошковска.

Подготовки за комеморацијата за големиот Горан Стефановски

Почитувани,

Сакаме да и’ соопштиме на јавноста дека Драмски театар Скопје, во соработка со други институции ја подготвува комеморацијата за големиот Горан Стефановски. Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Р. Македонија.

Почина Мите Грозданов (14.12.1943)

Почитувани,

На 25.11.2018, почина Мите Грозданов (14.12.1943), театарски актерски великан, кој својот активен театарски ангажман го остварува во колективот на Драмски театар Скопје.

Јули
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4