75 години Драмски театар!

21 Април 2021

НЕКА НИ Е СРЕЌЕН РОДЕНДЕНОТ!

 

75 g 1

75 ГОДИНИ ДРАМСКИ ТЕАТАР!

 

21 април 1946 - 21 април 2021 година

 

НЕКА НИ Е СРЕЌЕН РОДЕНДЕНОТ!

 

75-иот роденден за жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз.

 

Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!

 

75 години овој театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи.

 

Денес е роденден на Драмски. 

 

Му посакуваме сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл, со полн салон, СО ЉУБОВ.

 

Катарина Коцевска Хаџи Василева

 

https://www.youtube.com/watch?v=z941VWRuQ5Y

Октомври
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи

Следни претстави

Несоодветно за на работа - Откажана
26 Октомври 2021
Чудесна терапија
26 Октомври 2021
Кармен
27 Октомври 2021