„ПАНТАГЛЕЗ“ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПJE

20 Ноември 2019

Цврста режија на Владимир Милчин и одлична игра на Зоран Љутков. Режисерот по втор пат ја поставува оваа претстава – првата му беше дипломска работа

„Пантаглез“ е новата претстава на репертоарот на Драмски театар – Скопје. Работена е по мотиви од текстот на Мишел де Гелдерод. Режијата е на  Владимир Милчин. Тој истиот текст го поставува по вторпат. Првааата постановка му беше дипломска претстава. Тоа и не е битно ако се тргне од фактот дека „Пантаглез“ е актуелен за сега и тука, или било каде во светот.

Ликовите во претставата ги играат: Зоран Љутков (Пантаглез), Соња Стамболџиоска (Рахела), потоа (според програмското ливче), Стефан Вујисиќ, Димитрија Доксевски, Златко Митрески, Александар Степанулески, Дамјан Цветановски, Игор Георгиев, Предраг Павловски, Филип Трајковиќ, Жарко Јовановиќ, Симон Манасковски, Стефан Петровски и Никола Ристески.

Одличната сценографија е на Крсте С. Џидров, костимите кои се исто многу соодветни на идејата за претставата се на Марија Пупучевска,

Режисерот Владимир Милчин најнапред, целосно, одбрал екипа која безрезервно му верувала. Оттука е и фактот дека заедно создале претстава која публиката ќе ја гледа и веројатно ќе и се навраќа. .

Целта на Милчин во „Пантаглез“  е, како што самиот вели, да ни го прикаже светот во кој живееме и во кој „се гласни оние што кажуваат нешто“ што, пак, не обврзува на ништо. И дека на планетава владеат на начин до кај што сме. Всушност, за местото на „таканаречената интелигенција или интелектуалци…“.

Претставата говори, или повеќе истражува во цивилизациските вредности во хуманоста и мудроста.

Целата идеја и потоа реализација не била или не е лесен процес. Напротив, тежок е пат по кој е остварена. Онака како што Милчин го замислил и оформил со екипата.

Од актерски аспек за мене ова е и претстава на Зоран Љутков. Тој ликот на Пантаглез го отвора низ сите вистини за времево. Ги вградува во својот Пантаглез и го создал низ сите елементи кои се дел од секојдневиево. Тоа го прави и надградува од сцена во сцена. Му ја дава енергијата и вистината за она што е или ни се случува линкденес. Неговата игра е најсериозно промислена. На еден начин тој, или таквата игра им дава импулс повеќе за сите други актери во градењето на нивните ликови и на целата изведба и претстава.


Препорачувам да ја видите претставара „Пантаглез“, да го видите животот ина сцена, режисерскиот принцип и идеја на сите соработници и на играта на актерите.

Овој „Пантаглез“ е успех на Драмски, ама и на вкупната продукцуја на театарот во Македонија.

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

линк

Јануари
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Огласи

  • Завршна сметка за 2018 година
    Следни изведби
    28.01.2020 од 20:00 часот
    29.01.2020 од 20:00 часот
    30.01.2020 од 20:00 часот
    31.01.2020 од 20:00 часот
    1.02.2020 од 20:00 часот
    4.02.2020 од 20:00 часот
    5.02.2020 од 20:00 часот
    6.02.2020 од 20:00 часот
    8.02.2020 од 12:30 часот
    8.02.2020 од 20:00 часот
  • Jавен оглас за вработување | 20.12.2018
    Следни изведби
    28.01.2020 од 20:00 часот
    29.01.2020 од 20:00 часот
    30.01.2020 од 20:00 часот
    31.01.2020 од 20:00 часот
    1.02.2020 од 20:00 часот
    4.02.2020 од 20:00 часот
    5.02.2020 од 20:00 часот
    6.02.2020 од 20:00 часот
    8.02.2020 од 12:30 часот
    8.02.2020 од 20:00 часот
  • Јавен оглас за врaботување на определено време | 5.12.2018
    Следни изведби
    28.01.2020 од 20:00 часот
    29.01.2020 од 20:00 часот
    30.01.2020 од 20:00 часот
    31.01.2020 од 20:00 часот
    1.02.2020 од 20:00 часот
    4.02.2020 од 20:00 часот
    5.02.2020 од 20:00 часот
    6.02.2020 од 20:00 часот
    8.02.2020 од 12:30 часот
    8.02.2020 од 20:00 часот

Следни претстави

Како да се ограби банка
28 Јануари 2020
Луди за љубов
29 Јануари 2020
Пантаглез
30 Јануари 2020