НЕСООДВЕТНО ЗА НА РАБОТА - ЛУСИ КИРКВУД

24 Јуни 2019

Во НУ Драмски театар Скопје започна реализацијата на уште една претстава NSFW (Not Safe for Work / Несоодветно за на работа), која ќе ја реализира светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет (D.W.Moffett).

Во НУ Драмски театар Скопје започна реализацијата на уште една претстава NSFW (Not Safe for Work / Несоодветно за на работа), која ќе ја реализира светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет (D.W.Moffett).

Господинот Мофет ќе поставува дело од британската современа драмска авторка Луси Кирквуд (Lucy Kirkwood) преку чие дело NSFW се актуелизира родовата тематика преку критички став за објективизацијата на женското тело и борбата за надмоќ.

Преку соработката со господинот Мофет се зајакнува културната димензија со Соединетите Американски Држави, како и културната соработка со Велика Британија преку презентација на современта британска драматургија.

Премиерно „Несоодветно за на работа“ ќе се изведен кон крајот на месец јули.

 

--

Доналд Ворен Мофет (D.W.Moffett, 26 Октомври 1954, Илиноис, САД)

Дипломира на Универзитетот Стенфорд.

Мофет е еден од основачите на  Remains Theatre Ensemble од Чикаго, каде учествува како глумец, режисер и/или продуцент во над 40 претстави. Првпат го првилекува вниманието на јавноста настапувајќи во ценетата драма на Лери Кремер, „The Normal Heart“ во њујоркшкиот „Public Theatre“. Подоцна се појавува на Бродвеј во „The Boys of Winter“ и „The Real Thing“, како и  продукцијата на „The End of Day“ од Џон Робин Бејтс. Меѓу неговите позначајни актерски остварувања е настапот со Кевин Спејси во одличната продукција на „The Philadelphia Story“ во лондонскиот театар „Old Vic“ во 2005 година.

По преселбата во Холивуд, кариерата на Мофет е поделена меѓу филмот и телевизијата. Неговите главни филмски појавувања ги вклучуваат улогите во „Stealing Beauty“ во режија на Бернардо Бертолучи, „Thirteen“ во режија на Кетрин Хардвик, „Twisted“ во режија на Филип Кофман, како и „Traffic“ на Стивен Содерберг, за која освои Screen Actor's Guild Award.


Телевизиските улоги на Мофет ги вклучуваат пионерскиот ТВ-филм „An Early Frost„, како и серија редовни улоги во "The Oldest Rookie", "Hidden Palms", 'Skin", "For Your Love", "Chicago Sons" и "Life is Wild", „Friday Night Lights“, „Happily Divorced“, „Switched at Birth“и други.

Д.В.Мофет последните години работи како режисер и професор. Се  потпишува како режисер дел од серијалите „Happily Divorced“; „Switched at Birth“ и детската продукција „Austin and Ally“ на Disney Channel.

 Д. В. Мофет работи како професор/шеф на Катедрата за Филм и Телевизија на SCAD. (2016-)

 

Награди:

Screen Actor's Guild Award, за улогата во филмот Traffic во режија на Стивен Содерберг.

Номинација за наградата Џозеф Џеферсон за театарска режија за „The Time of Your Life“ во Goodman Theatre во Чикаго.

Номинација за наградата Џозеф Џеферсон за Актер во главна улога за „Speed-the-Plow“ во Remains и Wisdom Bridge во Чикаго, Илиноис.

Ноември
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Огласи

  • Завршна сметка за 2018 година
    Следни изведби
    15.11.2019 од 20:00 часот
    16.11.2019 од 20:00 часот
    19.11.2019 од 20:00 часот
    20.11.2019 од 20:00 часот
    21.11.2019 од 20:00 часот
    22.11.2019 од 20:00 часот
    23.11.2019 од 12:30 часот
    23.11.2019 од 20:00 часот
    26.11.2019 од 20:00 часот
    27.11.2019 од 20:00 часот
  • Jавен оглас за вработување | 20.12.2018
    Следни изведби
    15.11.2019 од 20:00 часот
    16.11.2019 од 20:00 часот
    19.11.2019 од 20:00 часот
    20.11.2019 од 20:00 часот
    21.11.2019 од 20:00 часот
    22.11.2019 од 20:00 часот
    23.11.2019 од 12:30 часот
    23.11.2019 од 20:00 часот
    26.11.2019 од 20:00 часот
    27.11.2019 од 20:00 часот
  • Јавен оглас за врaботување на определено време | 5.12.2018
    Следни изведби
    15.11.2019 од 20:00 часот
    16.11.2019 од 20:00 часот
    19.11.2019 од 20:00 часот
    20.11.2019 од 20:00 часот
    21.11.2019 од 20:00 часот
    22.11.2019 од 20:00 часот
    23.11.2019 од 12:30 часот
    23.11.2019 од 20:00 часот
    26.11.2019 од 20:00 часот
    27.11.2019 од 20:00 часот

Следни претстави

Пантаглез
15 Ноември 2019
Пантаглез
16 Ноември 2019
Чудесна терапија
19 Ноември 2019