Известување за одржување на аудиција | 20.12.2018

20 Декември 2018

Известување за одржување на аудиција за пријавените кандидати по Јавен оглас за вработување на (2 извршители) на работно место Актер трета група

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АУДИЦИЈА

За пријавените кандидати по Јавен оглас за вработување на (2 извршители) на работно место Актер трета група

Почитувани,

Ве известуваме дека јавниот оглас за вработување на двајца извршители Актер трета група, на определено време од 5 години, во НУ Драмски театар Скопје, објавен на ден 05.12.2018 година, заврши на ден 19.12.2018 година.

Комисијата изврши проверка на веродостојноста и комплетноста на доставените податоци и документи од страна на пријавените кандидати и ги поканува сите пријавени кандидати на аудиција која ќе се одржи на ден  23.12.2018 г. (недела) во просториите на ДТС.

Кандидатите треба да го пријават своето присуство во 09:00 часот, во службата за архива.  Аудицијата започнува во 10:00 часот. Оние кандидати кои нема да дојдат на аудицијата ќе бидат исклучени од понатамошната постапка за вработување на Актер.

Листата и редоследот на настапот на кандидатите ќе биде објавена на огласната табла во НУ ДТС на денот на одржување на аудицијата.

Комисијата за аудиција и реаудиција е составена од пет члена, со право на глас. Согласно Правилникот за аудиција и реаудиција на ДТС која ќе се раководи по Утврдената Програма за аудиција објавена на web страната на Театарот, на денот на објавување на огласот.

Аудицијата не е отворена за јавност. Согласно Правилникот за аудиција и реаудиција на НУ Драмски театар, директорот на НУ ДТС, членовите на уметничкиот совет и управниот одбор имаат право на присуство, но немаат право на глас.

Процесот на аудиција ќе биде сниман за потребите на Комисијата за аудиција за избор на кандидатите за работните позиции актер-  трета категорија.

За Одлуката за избор на најдобрите кандидати кои ќе бидат вработени, ќе бидете известени на Вашите e-mail адреси.

Со почит,

Управата на НУ Драмски театар Скопје

20.12.2018, Скопје

Јуни
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи