Досега 11091 деца ја виделе „Снежана и седумте џуџиња“!

18 Декември 2018

50та изведба на „Снежана и седумте џуџиња“!

Почитувани,

Досега 11091 дете ја гледало нашата „Снежана и седумте џуџиња“. Денешната изведба (18.12.2018) на претставата „Снежана и седумте џуџиња“ ќе биде 50та по ред. Се надеваме дека ќе продолжи да ги радува детските срца, но пред се да ги заинтересира за театарска уметност воопшто. Претставата „Снежана и седумте џуџиња“ е по драматизација на Александра Бошковска, а во режија на Димче Николовски. Во останатиот дел од авторскиот тим учествуваат Сергеј Светозарев како сценограф, Лира Грабул како костимограф, Димитар Андоновски како автор на музиката, додека улогите ги толкуваат: Александра Павлова, Трајанка Илиева-Вељиќ, Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, а џуџињата ги толкуваат: Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев, Благица Димитровска, .Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ. Премиерата на претставата беше на 27.3.2016 година.

Јули
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4