За Љубиша Георгиевски...

12 Декември 2018

Со голема тага се простуваме од режисерот Љубиша Георгиевски кој остава голема трага во театарската историја на НУ Драмски театар Скопје...

Љубиша Георгиевски (30 мај 1937, Битола - 6 декември 2018, Скопје)  - режисер, педагог и дипломат

Дипломирал на Театарската академија во Белград (1961). Работел на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како професор по актерска игра и режија (1979-2000). Визитинг професор по онтологија и феноменологија на театар на Southern Callifornia во Лос Анџелес и University of Texas во Далас, САД. Како режисер се потпишува на над 160 театарски претстави во и надвор од Р. Македонија.. Автор е на неколку драмски текстови, книги од областа на театрологијата како и на повеќе од 200 колумни во дневниот весник „Дневник“. Покрај театрскиот и филмски ангажман како режисер и професорскиот ангажман на ФДУ, Георгиевски извршува општествено – дипломатски функции како: Амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија (2000-2004); Амбасадор на Република Македонија во Република Србија (2009-2013); Претседател на Собранието на Р. Македонија  (2006-2008)

Селективна театрографија (ДТС): Тројанки (1966); Самоил (1966); Партитура за еден Мирон (1967); Покојник (1967); Адам и Ева и Јов (1970); Оскар (1970); Клисарот (1971); Скриената шапка и празникот на шапката (1972); Достага на самиот врв на највисоката власт (1975); Црнила (1977); Непокор (1977); Дон Жуан (1980); Еригон (1982); Хај-фај (1983); Macedonische Zustande (1984); Југословенска антитеза (1985); Керубин 2096 (1986); Р (1987); Слободен лов (1988); Лице и опачина (1989); Вообразен болен (1993); Чекајќи го Годо (1994); Ревизор (1995); Гардеробер (1996); Филоктет (1998); Јована Орлеанска (2000) Александар (2009); Евангелие на глупоста (2014); Кристофор Колумбо (2016); Папагалот Историко (2017).

Селективна филмографија: По исто небо (1964); Патека (1967); Планината на гневот (1968); Републиката во пламен (1969); Цената на градот (1970).

Награди: Награда за режија на Здружението на драмските уметници на СР Македонија за претставата „Арсеник и стара тантела“ (1962); Награда за најдобра режија на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ за претставата „Хамлет“  (Прилеп, 1965); Награда за најдобра режија на Фестивалот „Стериино позорје“ за претставата „Покојник“ (Нови Сад, 1966); Златен ловоров венец за режија на Фестивалот „Мали и експериментални сцени“ (МЕСС) за претставата „Партитура за еден Мирон“ (Сараево, 1969); Награда за најдобра режија од Здружението на драмските уметници на Босна и Херцеговина за претставата Пелиново (1972); Награда за најдобра режија на Театарските игри во Јајце за претставата „Пелиново“ (Јајце, Босна и Херцеговина, 1972); Златен ловоров венец за режија на Фестивалот МЕСС за претставата Јама (Сараево, 1974); Награда за најдобра режија на Театарските игри Јоаким Вуиќ за претставата Голгота (1974); Златен ловоров венец за најдобра режија на Фестивалот МЕСС за претставата „Достага на самиот врв на највисоката власт“ (Сараево, 1976); Златен ловоров венец за најдобра режија на Фестивалот МЕСС за претставата Свадбата на Мара (Сараево, 1977); Златен ловоров венец за најдобра режија на МЕСС за претставата Живата сфинга (Сараево, 1978); Награда за најдобра режија од СИЗ (Самоуправна интересна заедница) за култура на Војводина за претставата „Пасквелија“ (1979); Награда за најдобра режија на Фестивалот „Стериино позорје“ за претставата „Гробница за Борис Давидовиќ“ (Нови Сад, 1981); Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Ченодрински“ за претставата Хамлет (Прилеп, 1990); Награда за најдобра сценска адаптација на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата Хамлет (Прилеп, 1990); Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Црнила рививал“ од Коле Чашуле, (Прилеп, 1994) и други.

Декември
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Огласи

Следни претстави

Несоодветно за на работа
17 Декември 2019
Пантаглез
20 Декември 2019
Плоштад на хероите
25 Декември 2019