Во семејството Хансен, родендените се слават онака како што налага данската традиција: бучно, свечено и помпезно. Особено што Хансенови се едно од највлијателните и најбогати семејства во Данска. До толку повеќе што таткото Хелге, го прославува 60. роденден. Јубилеен. Во сенка на скорешната смрт на една од ќерките на Хелге, гостите се собираат во големата семејна куќа на уште една прекрасна свеченост. Шокантиот пресврт го изместува текот на забавата, по која ништо веќе не е како претходно... ФЕСТЕН