Additional Info

  • Календар во претстава:
    Март
    П В С Ч П С Н
    26 27 28 29 1 2 3
    4 5 6 7 8 9 10
    11 12 13 14 15 16 17
    18 19 20 21 22 23 24
    25 26 27 28 29 30 31

Најава

Download attachments:

Партија реми

Автор: Доналд Ли Кобурн
Режија: Виолета Џолева

Премиера - 20.4.2018

Драмскиот текст „Партија реми“ од американскиот драмски автор Доналд Ли Кобурн, 1978 година ја добива Пулицеровата награда за најдобар драмки текст а актерите кои ги играле улогите за најдобри актери таа сезона на њујоршката сцена.

Еден човек и една жена во својата Трета доба, како штитеници на Дом за стари лица, преку играњето карти се запознаваат, остваруваат посебно пријателство и поврзаност.
Додека трае партијата карти која станува повод но не и причина за средба, тие ги раскажуваат своите животи, згоди и незгоди... понекогаш тажни, некогаш комични...
Гледачот може да ја почувствува искрата на животот што како кандилце гори во нив но и сознанието дека животот минува за секого и секогаш. А секое ново “делење на картите“ станува метафора за шансите што во животот ги користиме или не!

Трагикомичните ситуации во кои ке се најдат двајцата фанатични играчи на реми понекогаш наликува на арена во која се игра “игра за живот или смрт“, а публиката ужива следејќи ги и препознавајќи се.
Сакам посебно да се заблагодарам до луѓето чии совети ја направија оваа приказна уште поубава: Мери Терзиева (директор на домот за стари лица „Идила и Мери Терзиева“), Милица Стојанова (актер), Невена Зубчевиќ (директор на центар за рехабилитација Кембриџ, Бостон), Кренаре Невзати (кореограф)

 

Виолета Џолева, режисер

Режија: Виолета Џолева
Костимографија: Лидија Георгиева
Сценографија: Доротеа Ѓорѓиевска
Избор на музика: Виолета Џолева

Улоги:
Велер Мартин - Ѓокица Лукаревски
Фонсија Дорси - Маја Вељковиќ Пановска

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Светло - мајстор: Дејан Блажевски
Тон - мајстор: Чедомир Младеновски

Премиера: 20.04.2018