Јавен оглас за вработување


Врз основа на чл.22 и 23 од Законот за работни односи -Пречистен текст (Сл.Весник на РМ бр.167/2015 и 27/16), член 76 и 76-ж од Законот за култура (Сл. весник на РМ 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ од 27/2014, 199/2014 и 27/2016)  и Одлуката за бјавување на јавен оглас бр.0402-216/1 од 17.04.2018 г.,  НУ Драмски театар Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

НУ Драмски театар Скопје, има потреба од вработување на еден (1) извршител на неопределено време и тоа за работно место:

  1. Техничар за тон, средно електро-техничко/општо четиригодишно образование, односно тригодишно електро- техничко/општо образование (40 часа неделно). Основна нето плата 21.840,00 ден.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

- диплома/ уверение за завршено образование, оригинал или копија заверена на нотар,

- кратка биографија;

- уверение за државјанство;

- фотокопија од лична карта.

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на објавување во дневниот печат.

Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Театарот или на адреса:НУ ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ, ул.„Шекспирова“ бр.15, 1000 Скопје.

За изборот ќе се известат пријавените кандидати. Изборот ќе се изврши согласно законските прописи  и правни акти на Театарот.

Контакт: 02 30 63 453- Правна служба