Драматурзи и режисери

Сашо Миленковски

(28 декември 1963, Битола) -  режисер и драматург

Дипломира режија и драматургија, отсек режија на Факултетот за драмски уметности Скопје (1992). Работи во Казалиште, позориште, гледалиште, театар (КПГТ) Суботица (1988-1991). Основач на независниот театар Бабилон (1999). Потпишува повеќе од педесет режии на македонските театарските и на европските театарски сцени. Автор е на десетина драмски текстови. Директор на Македонски Народен Театар (2006-2010). Работи во Драмски театар како драматург од  2010 година.

Селективна театарографија (режија ДТС):  Game Over (1993); Буре барут (1994); Ова не е американски филм (1997); Кандид во земјата на чудата (2000); Тетовирани души (2001); Македонски рулет (2007);  Кинегонда во Карлаленд (2009); Последните македонци (2010); Јов (2016); Буре барут (2016).

Режии надвор од Македонија: Ајант од Есхил (Ју-фест, 1989); Госпоѓица Јулија од Стриндберг (“Неспинхаз”, Суботица, 1990); Рани јади од Данило Киш (Киш-фест, 1990); Злосторство и казна од Ф. М. Достоевски, (Народно позориште Суботица, 1991); Еуралиен од Горан Стефановски (Интеркулт, Стокхолм, Шведска, 1999) и други.

Автор на драмските текстови: Game Over (1992); Коледе (1994); Ова не е американски филм (1996); Deus ex machina (1999); Последните македонци (2010) и др.

Награди: Награда за најдобра режија за претставата „Game Over” во продукција на НУ Кумановски Театар на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 1993); Награда за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата Балканот не е мртов (2001). Награда за најдобра режија за претставата „Македонски рулет” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2007) и други.  

 

Александра Бошковска

(18 мај 1970, Скопје) –  актерка и театролог

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (1995), каде што и магистрира театрологија (2011). Активен соработник  во научно-истражувачки проекти од областа на театрологијата и тетрографијата на  Институтот за театрологија при ФДУ (1997-2001).  Автор е на преку педесет тетарски критики објавени во рамките на дневните весници Дневник и Нова Македонија, како и  на десетина научни трудови од областа на театрологијата и театрографијата. Приредувач на монографското издание „Ненад Стојановски – споменар“.  Во рамките на ДТС има одиграно повеќе од десет улоги. Работи во Драмски театар како драматург  од 2014 година.

Селективна театрографија (ДТС) :

Актер: Марта Брјустер ( Арсеник и стара тантела,1995); Бети/Џак (Тхе Ловер, 1998); Благуна (Fuck You, 1998 ).

Драматург:  Ждрело (2014); Снежана и седумте џуџиња (2016).

Димче Николовски-Димсата (24 октомври 1978, Битола)-режисер

Дипломира и магистрира режија  на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов” Софија , Р. Бугарија (2007). Работи во Драмски театар Скопје (2014).

Селективна тетрографија (режија ДТС): Олово на перница (2011); Падот на Мосада (2013);  Грофот (2014); Снежана и седумте џуџиња (2016)

 

Теа Беговска

(27 март 1990, Скопје) - режисерка

Дипломира театарска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности  ЕСРА Скопје (2013), кадешто запишува специјалистички студии (2015-). Од 2014 година работи во Драмски театар Скопје како режисер.

Селективна театрографија:

Асистент на режија (ДТС): Хамлет (2010); Баал (2011).

Режија (ДТС): Вртелешка (2012).

Селективна филмографија: Сиот свет (2013); Аларм (2014).

Награди: Награда на НЕТА за ангажиран режисерски пристап за театарскиот перформанс „Контрола” на Интернационалниот фестивал на камерна драма„ Ристо Шишков” (Струмица, 2014).

 

Викторија Рангелова - Петровска

(21 јули 1971, Скопје) - драматург

Дипломира драматургија и режја, отсек драматургија на Факултетот за драмски уметности Скопје (1994). Запишува магистерски студии по драматургија на АГРФТ Љубљана, Р. Словенија (1996). Асистент по предметот македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности (2001-2004). Активен партиципиент во научно- истражувачки проекти од областа на театаротрографија и театрологија во рамките на Институтот за театрологија при ФДУ (1997-2004). Автор на дваесет научни трудови од областа на театрологијата и театрографијата. Уредник и приредувач на книжевни изданија: Соломонов печат“–драми Југослав Петровски (2003); Монографија „Ненад Стојановски-споменар“ (2005);  „Антропологија на театарот“-Катерина Петровска (2006). Од 2004 година делува како самостоен уметник и соработува како надворешен соработник со националните театарки куќи и независни театарски продукции во Р.Македонија; Филмскиот фонд на Р. Македонија; LandBird Theatre Торонто;  ШКУЦ Љубљана и Местно Гледалишче Љубљанско, Р.Словенија. Работи во Драмски театар Скопје како драматург (2016-).

Автор на драмските текстови: Slippery People (1993); Фотографии (1996); Мала магична приказна (2008), Такси 49 (2009), Разголени (2012) и други.

Селективна филмографија (сценарио): Облици / Shapes (2004).

Награди:  Награда за Најдобра македонска нова драма (втора награда) – Македонски Народен Театар за драмскиот текст „Slippery People“ (1999);  Награда од стручното жири за анимираниот филм„Облици“ на Das 6 Balkan Black Box Festival  Berlin  (2004). Државна награда  „Гоце Делчев” од областа на науката (член на тимот) за ЦД-ром:„ Енциклопедија на македонскиот театар” (Скопје, 2004);  Награда за најдобра сценска адаптација за претставата „Шекспир во приказни” во продукција на НУ Турска драма на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012); Награда за најдобра сценска адаптација за претставата „1984”  во продукција на НУ Струмички театар на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2013).

Април
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи

Следни претстави

Хеда Габлер - ПРЕМИЕРА
20 Април 2024
Странци
23 Април 2024
Мојот маж
25 Април 2024