Јасмина Василева

 (07.02.1981, Битола)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (2003). Магистрира на културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје (2016). Игра многубројни театарски улоги како на сцените на државните театри низ Македонија, така и на независната сцена и во меѓународни проекти. Редовна членка на ансамблот на НУ Кумановски театар (2003-2019), а од јули, 2019 година станува редовна членка на ансамблот на Драмски театар, Скопје. Реализира и помали телевизиски и филмски улоги.

Селективна театрографија: Марија (Залуден љубовен труд, 2001), Невестата/Девојката (Падот на невиноста, 2002), Хороводецот (Јонадаб, 2003) Нина Заречна (Галеб, 2004), Зоја (Вишновата градинка, 2005), Ана (Обиди врз нејзиниот живот, 2007), Силвија (Силвија, 2010), Кристина (Госпоѓица Јулија, 2010), Морин Фолан (Мис на Линејн, 2011), Тања (Тања-Тања, 2013), Ивет (Мајка Храброст и нејзнините деца, 2014), Клаудија (Жена од минатото, 2015), Ела Рентхајм (Џон Габриел Боркман, 2017). Др. Маринова/Гаустин (Физика на тагата, 2018). Селективна филмографија: Година на мајмунот (2018), Фамилијата Марковски (2017- ), Зоки Поки (2020)

 Награди: Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски” , за улогата на Нина Заречна во претставата „Галеб“, во продукција на НУ Театар Куманово на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2004) Награда за најдобар сценски дует за улогата на Ела Рентхајм во претставата „Џон Габриел Бокрман“, во продукција на Струмичкиот театар на „Фестивал на мали театарски форми“, Враца, Р. Бугарија (2018)

Април
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи