Драган Спасов Дац

(20 април 1963, Скопје)

 Дипломира на Факултетот за драмска уметност, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје, во класата на Проф. Слободан Унковски. Од 1992 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти.

 Селективна театрографија:Шприцер (Грев или шрпицер), Кандид (Кинегонда во Карлаленд, 2011), (Облачна исповед), Амадеус (Амадеус), Четвртиот граѓанин (Смртта на Дантон), (Ало будење), (Не сега драга), (Чернодрински се враќа дома), Џанго (Грев или шприцер), Фердинанд (Бура), Тома Диафарус (Вообразен болен), Кловн (Кловнови), Кларин (Животот е сон), Фиљан Кишија Харем, Зганарел (Дон Жуан), Мирко (Маратонците го трчаат почесниот круг), Розенкранц (Розенкранц и Гилденстерн се мртви), Хлестаков (Ревизор), Бруно (Умри машки), Тимчо (Ни ќар ни зијан), Фигаро (Свадбата на Фигаро), Платонов (Платонов), Ферхад (Ферхад и Ширин), Кандид (Кандид во земјата на чудата), Симон (Диво месо), Македон змеј – Маседоан (Одисеја), (Кутрите мали хрчки), (Мачка на вжештен лимен покрив), Ангеле (Лет во место), Дони (Поручникот од Инишимор), Љубац Купидона, Судијата Тасе (Демонот од Дебармаало), Џука (Комшилук наопаку), Mr. White (Касапски кучиња).

Претстави во други театри: Денови на нашиот живот, Рекламна бајка, Подземна република, Ништо без Трифолио, Женидба, Оркестар Титаник, Кралот Кускуле, Силјан Штркот, Циркус Катастрофа, Окото на мајка, Спиро Пирчев Царо, Стјуардеси, позитивно мислење, Чија си.

ТВ серии: Бушава азбука, Македонија може, Салон Хармони, Обични луѓе

ТВ Драми: За трошка среќа, Североисточно од југозапад, Време за плачење

Радио емисии: Бамбини, Времеплов, Елита, Хихирику

Филмски улоги: Трето доба, Ѕвездите на 42 и Крик на немиот индијанец, До Балчак.

Награди и признанија: Награда за најдобар млад актер за улогата Ѓорѓе Пиже во претставата „Не сега драга, најдобро е попладне“ од списанието Екран.

Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Џанго во претставата „Грев или шприцер“ на 28-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.

Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Розенкранц во претставата „Розенкранц и Гилдерстерн се мртви“ на 30-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.

Награда за епизодна улога Димче Трајковскиза улогата на Тимчо во претставата „Ни ќар ни зијан“ на 31-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.

Награда Златна Маска на фестивалот Охридско лето за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“.

Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Симон во претставата „Диво Месо“ на 36-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.

Награда за најдобар актер во 1994 и 1995 година во Драмски театар Скопје, 1997 година назначен за Генерален Конзул на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Од 2007 до 2008 година е координатор на детското драмско студио во А1 Телевизија.

Ноември
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Огласи