(12 јуни 1955, Битола)
Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981). Од 1982 година работи во Драмски театар Скопје. Соосновач на Културниот центар„ Мала станица”, како и основач на продуцентската куќа „НОВА-Ј.Михајловски”. Член на Друштвото на филмски работници на Р.Македонија. Покрај театарските улоги, Михајловски оставрува и бројни улоги во телевизиски серии и играни филмови.
Селективна театрографија: Алексеј (Бркотница, 1980); Ѓока (Сомнително лице, 1981); Свршеникот (Крвави свадби, 1981); Втор војник (Еригон, 1982); Јаков (Дупло дно, 1984); Гери Лезен (Хаос зад кулиси, 1985); Димитар Господинов Рилски (Керубин 2096, 1986); Херувим (Зојкиниот стан, 1986); Лезандр (Смртта на Дантон, 1987); Бредли (Закопаното дете, 1987); Берберот (Стапица, 1987); Џејмс Тајрон (Долго патување во ноќта, 1988); Шефот на полицијата (Балконот, 1989);Крало Ричард Трети (Лице и опачина, 1989); Марко (Кула Вавилонска, 1990); Чкембар (Чија си, 1991); Чочолина Михајловска (Женски оркестар, 1991); Таткото/Советникот/Кумот/Цара/Човекот во фрак (Чернодрински се враќа дома, 1992); Перо тренерот (Грев или шприцер, 1992); Астолфо (Животот е сон, 1993); Топуз Паша (Харем, 1994); Шон Кеог (Заводникот од западниот свет, 1997); Кука (Словенски ковчег, 1998); Лери (Поблиску, 1999); Оберон (Сон на летната ноќ, 2001); Гупер (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Вершинин (Три сестри, 2004); Лаки (Друга страна, 2004); Киро (Лет во место, 2005); Коце (Демонот од Дебар Маало, 2006); Симон (Буре барут, 2016).
Селективна филмографија: Бушавата азбука (1985); Тетовирање (1991); Самоуништување (1996); Јас сум од Титов Велес (2007); Соба со пијано (2013).
Награди: Награда на ревијата „Екран“ за улогата на Кумплунг во филмот „Самоуништување“ (1996); Награда „Вељко Мариќ” за најдобра машка улога за улогата на Лаки во претставата „Друга страна“ на Меѓународниот фестивал на мали сцени (Риека, Р. Хрватска, 2005) и други.