"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Солунски патрдии
Автор:   Миле Попоски
Режија:   Коле Ангеловски
Сценографија:   Илина Ангеловска
Костимографија:   Лира Грабул
Музика:   Џенгиз Ибрахим
Улоги:   Билјана Драгичевиќ - ПројковскаМаја Вељковиќ - ПановскаЗоран ЉутковИгор СтојчевскиЈелена ЖугиќТрајанка ИлиеваКалина НаумовскаГордана ЕндровскаМарија КондовскаВалдета ИсмаилиДушица СтојановскаВикторија АнѓушеваКатерина Коцевска
КГ:  
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Жаклина Цветковска
     
   

 

КАКО ДА СЕ ПОВТОРИ НЕПОВТОРЛИВОТО?!

 

„ Солунски патрдии“, легенда, не само на Драмскиот театар, туку и пошироко.

27 години, истата актерска екипа ги полнеше театарските салони и отворени простори, секаде каде што ќе се појавеше. 160. 000 гледачи беа среќни, се смееа на згодите и незгодите на Пејо и Пандора, на Цанде и Сотка, на Аџи Јанкула и Секула, на Фатиме и Јашар бег..Неповторливата генерација на големите актери Дади и Снешка, Гоце ( кој ги одигра сите 378 престави) и Ванчо, Мите и Мешко, Сабина и Марин, плус Стево, Коле, Лазе, Зози, Јовица, Ленче, Снежана, Лиле.. ја предизвикуваа публиката да доаѓа и да ги гледа „ Патрдиите..“ по неколку пати, затоа што ниту една изведба не беше иста, немаше настан, политички, културен, спортски да не беше прокоментиран во представата. Имаше луѓе кои доаѓаа и по триесетина пати и ги знаеа „ Патрдиите..“ на памет.

Премиерата, според извонредниот текст на Миле Поповски, ( кој честопати и неможеше да си го препознае) се случи во Куршумли ан, на 21 Јуни, 1979 година, за отворањето на првото Скопско лето. Тоа навистина беше посебен настан, кино, биоскоп..го донесовме мирисот и звукот на Оријентот, на Солун (а за тоа многу ни помогнаа кафанчињата, чајџилниците, пеењето на имамите од блиските џамии, покрај Куршумли ан) мирисот на море, на леандри, на ќебачиња во лепиња, на боза.. Потоа во истиот простор ја снимив и телевизијската серија „ Солунски патрди“ со легендарниот Џумерко, како Итар Пејо. Тоа е најгледаната и најрепризирана серија на Македонската телевизија.

И после триесетина години од премиерата ми предложија да направам „ Бек-уп“ на таа неповторлива представа?!

Првата реакција беше: Не, блегодарам..тоа не се повторува..Немам таква актерска екипа, (а тоа навистина ќе треба долго време да помине, а можеби и никогаш нема да се случи, на едно место да се соберат, такви мајстори и бардови на театарот, а особено на комедијата), јас, бидејќи и самиот играв во  претставата и секој детал го знаев напамет, не сакав да правам копија, а и немав некаква посебна идеа од каде би почнал..Од театарот инсистираа и еден ден, нешто светна.. Добро, ќе направиме сосема нова представа, и комплетно нов дизајн. Дејствието ќе го ставиме во триесетите години на минатиот век во времето на тангото. Ах танго, танц на страста и љубовта, кој од Аргентина со молскавична брзина се прошири низ целиот свет и до ден денес остана како еден од највозбудливите танци. А во „ Патрдиите“ страста и љубовта се главните двигатели на дејствието..Освен Цанде и Сотка, сите други ликови, и машки и женски, ќе ги играат женски актерки, ќе носиме машки алишта, ќе лепиме бради и мустајќи и ќе играме танго. И уште нешто, во тој период, филмската комедија хара по светот, Чарли Чаплин, Бастер Китон, Стан Лауер и Оливер Харди, ги разгалуваат срцата на многубројната публика..па зошто и ние да не чепнеме малку од таа комедија, не да копираме, или имитираме, само колку да се назначи, но на крајот сепак да остане основниот ренесансен дух, Македонскиот менталитет.. и Ориентот. Со ваква концепција ( овој збор, концепција, ми е многу важен) и со женската екипа на Драмскиот театар, кои, патем, ( освен чесни исклучоци) беа големи подржувачи на проектот  се нафативме да го допреме неповторливото, и после долги, напорни, но со радост исполнети проби, ( имавме неколку опструкции, трагични настани, непредвидливи нешта) стигнавме до таму нашава работа да ја представиме пред публиката.

Јас, првата „ Солунски патрдии“ ја режирав кога имав 36 години, вторава на 70, не верувам дека ќе дочекам, ама не би било лошо да направиме и трета верзија, некаде кога ќе имам 85-90 години.

Со почит кон сите гледачи, актери и соработници  

 

Коле Ангеловски

 

П.С. Инаку оваа представа им ја посветувам на големите мајстори на глумата и прекрасни луѓе Стево Спасовски, Снежана Михајловиќ и Дади Ангеловски, кои ако не гледаат од некаде, нека не не караат многу. Им благодарам.

 

 

 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios