"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот
Автор:   Јордан Плевнеш
Режија:   Владе Цветановски
Сценографија:   Владо Ѓорески - Рафик
Костимографија:   Елена Дончева
Музика:   Константин Плевнеш
Улоги:   Рубенс МуратовскиИгор АнгеловТрајанка ИлиеваВалдета ИсмаилиГордана ЕндровскаМаја Вељковиќ - ПановскаКалина НаумовскаБилјана Беличанец - Алексиќ
КГ:   Жарко Димоски, Катерина Аневска
Инспициент:   Кире Ставревски
Суфлер:   Жаклина Цветковска
Осветител:   Игор Георгиев
Тонмајстор:   Димитар Илиоски
     
   

Античката трагедија, што американските театролози ја нарекуваат - европска измислица е родена на Балканот. Балканот значи е Европа Прима. Според Никола Бувие, Балканот е срцето на Европа. Македонија е срце во срцето, Македонија е Европа во мало.

Архелаос или Еврипид се враќа на Балакнот е драма за една изгубена трагедија.

Имено, во драмата го следиме враќањето на Еврипид, најтрагичниот трагичар што се можел да претвори во песна и кој умрел 406 година пр.н.е, прогонет од атинската демократија во македонското село Аретуса, денешен Маслар, каде што ја напишал својата последна драма Архелаос или Почетокот на народите по која безуспешно се трага речиси 25 века.

Тој тргнува на тоа долго патување на иницијатива на Председателот на Бесмртните,техноменџер на Вечноста, роден во нашава епоха на- Нет револуцијата  и Чиракот - трагичар, Александар Ајго, со едноставна цел да ја пронајдат Ифигенија - симболот на невината жртва во светската цивилизација.

На радиус од само 200 километри на Балканот, од местото каде славниот трагичар го завршува својот живот, тие ќе најдат не една, туку седум Ифигении - и турска и новогрчка и албанска и бугарска и српска и црногорска и македонска. Ако продолжат така по Европа и по целава земја тие можат да најдат 77 или 777 Ифигении.

Замислете ја сликата на планетата со хорот на сите Ифигении што ја пејат интернационалната симфонија на невините жртви на Човештвото како збир на политички животни, според Аристотел, што секојдневно произведуваат нови трагедии од Балканот па се до бекрајот.

Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот е мал прилог кон идејата дека убавината и покрај се ќе го спаси светот.

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios