“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   „Хај - Фај“ гостување на АДОБОЛС - Тетово
Автор:   Горан Стефановски
Режија:   Андреја Ѓорѓески
Сценографија:  
Костимографија:  
Музика:  
Улоги:  
КГ:   Андреа Ѓорѓески, Мери Каталиниќ, Горан Глигориески, Мелиса Ценовска, Борис Симовски, Мартин Билбиловски, Драги Неделчевски
Инспициент:  
Суфлер:  
Дизајн и продукција на видео материјал:   Театарска група АДОБОЛС - Тетово
     
   

Ние од театарската група АДОБОЛС од Тетово, иако аматери (но големи ентузијасти), се “дрзнавме“ да ја поставиме театарската мутација “Хај-Фај“ на Горан Стефановски.  

Патот беше долг и трнлив. Неколкуте месеци напорна работа ни дадоа за право и слобода да посакаме да ја изиграме “Хај-Фај“ пред скопската публика. А кога е во прашање Горан Стефановски и “Хај Фај“, тогаш единствено место каде “би се терала внатрешната слобода“ е Драмски Театар , Скопје, по премиерата во Тетово на 31 март 2012 година.

 

Членовите на театарската група АДОБОЛС од Тетово се искусни долгогодишни актери аматери и поклоници на уметноста.

Андреа Ѓорѓески (во улогата на Борис), режисер и актер, со своја претстава веќе има гостувано во Драмски Театар (Викенд на мртовци, 2006),

Мери Каталиниќ (Соња), зад себе има повеке од десетина улоги, учества на фестивали и 3 награди за најдобра женска улога,

Горан Глигориески (Матеј), има повеќе од десетина впечатливи улоги  досега,

Мелиса Ценовска (Мира), има само 22 години, а веќе има неколку главни улоги,

Борис Симовски (Арапот), во театар е од мали нозе,

Мартин Билбиловски (Американецот), неколку пати изиграл улоги и добивајќи аплаузи на отворена сцена и 

Драги Неделчевски (Русинот), зад себе има неколку сериозни улоги.

 

Ова беше накусо за нас. Се гледаме на 14 мај 2012 во Драмски...

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios