“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Сексуалните неврози на нашите родители - НУЦК „Антон Панов“ - Струмица
Автор:   Лукас Берфус
Режија:   Александра Кардалевска
Сценографија:   Кољо Черкезов
Костимографија:   Ванчо Василев
Музика:  
Улоги:  
КГ:   Соња Стамболџиоска, Марина Поп Панкова, Стојан Велков - Трн, Ванчо Василев, Ванчо Крстевски, Тинче Ристеска, Кољо Черкезов
Инспициент:   Љупчо Филчев
Суфлер:  
     
   

Берфус во рамките на повеќеслојната фабула ја поставува сексуалноста како допирна точка помеѓу природата и општеството. Од една старна ја обелоденува неVрозата која функционира во општеството како последица од репресијата врз нагонските инстинкти, а од друга страна – заблудата на сексуалното ослободување кое би значело неконтролирано владеење на насилството и нагонското. Борбата на двете сили и нејзиниот резултат го прави текстот трагичен и суров, но во исто време неверојатно духовит. Парадоксално, текстот покажува дека спуштањето до најдивата хтонска стварност не нè води кон очајување, туку кон хумор. Духовитоста на Берфус потсетува на оној необичен хумор на Маркиз Де Сад, чие смеење  секогаш е помешано со најфантастичната бруталност.

Оваа провокативна приказна за иницијацијата на  една млада девојка во светот на возрасните, односно нејзиното соочување со општествената стварност ги анализира човековите слабости. Како што вели самиот автор: “За мене луѓето се најблиску до својата човечност кога живеат со своите контрадикторности и кога се обидуваат со нив да излезат на крај. Сите ние сме херои на свој начин. Но, да се покажат слабостите, да не се успее, во тоа има нешто мошне привлечно.” Не е случајно што Дора - главниот лик во делото го носи името на осумнаесетгодишната пациентка на Фројд кој ја опишал во студијата  “Дора - фрагменти од анализата на еден случај на хистерија”. Меѓутоа, драмата не претставува разработка на фројдовиот случај, туку автономно уметничко дело. Сепак, текстот на Берфус јасно се потпира на тековните психоанализи на Фројд кој прв ја отпочна анализата на несвесното и нагласува дека во сферата на сексуалноста се наоѓаат причините за настанување на психоневрозите. 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios