“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Калигула - НУЦК „Марко Цепенков“ Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп
Автор:   Албер Ками
Режија:   Зоја Бузалковска
Сценографија:   Костантин Трпеноски
Костимографија:   Лира Грабул
Музика:  
Улоги:  
КГ:   Александар Степанулески, Даниела Иваноска, Никола Настоски, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Трајче Иваноски, Димитар Црцороски, Зоран Иваноски, Милан Секулоски, Андон Јованоски, Најдо Тодески, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Марија Спиркоска-Илијескa, Кире Трпкоски, Надица Ѓорѓијоска
Инспициент:   Валентина Пирганоска
Суфлер:  
     
   

„Калигула“ е моќна претстава за човекот

Претставата одлично ја отсликува емотивната состојба на човекот, сугерирајќи дека сé околу него е лага, иако тој сака да живее во вистина. Многу суптилно, режисерката Зоја Бузалковска го презентира светот во кој парите се поважни од човечкиот живот

Смела и моќна е новата претстава „Калигула“ на режисерката Зоја Бузалковска, која премиерно се изведе во петокот (4.11.2011) на сцената на прилепскиот театар. Претставата одлично ја отсликува емотивната состојба на човекот, сугерирајќи дека сé околу него е лага, иако тој сака да живее во вистина. Во претставата има и многу симболи што укажуваат на животните приказни на луѓето, кои најчесто го одбираат нечовечкиот наместо човечкиот пат. 

Многу суптилно, режисерката Бузалковска го презентира светот во кој парите се поважни од човечкиот живот.

Претставата трае два и пол часа во кои доминира актерската игра на главниот насловен лик, кој го игра актерот Александар Степанулески. Злосторствата на Калигула, како што вели и режисерката, се екстракт на секојдневните состојби во кои грижата за човекот и хуманоста се само привид.


„Калигула им ја лупи маската на луѓето и им ја кажува вистината во лице. Се обидува преку својата бесчувствителност да му ја врати чувствителноста на светот. Јалова борба, која и самиот ја дефинира како невозможна, но сепак ја спроведува. Не можеме да го оправдаме неговиот метод, но можеме да се обидеме да го разбереме неговиот порив, зашто и ние го имаме“, вели режисерката на претставата.

„Калигула“ е врвен колективен театарски чин во кој приказната на сцена верно ја креираа и преостанатите актери - Даниела Иваноска, Никола Настоски, Игор Трпчески, Димитар Ѓорѓиевски, Трајче Иваноски, Димитар Црцороски, Зоран Иваноски, Александар Тодески, Милан Секулоски, Најдо Тодески, Андон Јованоски, Наташа Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, како и младите Кирил Трпкоски и Надица Ѓорѓијоска.

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios