“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Ај да си речиме уште една - НУЦК „Григор Прличев“ - Народен Театар Охрид
Автор:  
Режија:   Андреј Цветановски
Сценографија:  
Костимографија:   Кристина Мукоска-Затуроска
Музика:  
Улоги:  
КГ:   Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ, Игор Георгиев, Билјана Билаловиќ, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски, Оркестар - Зоран Левески, Борче Вељаноски, Филип Жура, Светлана Стојаноска
Инспициент:   Филип Ангеличин Жура
Суфлер:  
     
   

Претставата е современа комедија, со елементи на гротеска, која постмодернистички го рециклира народното творештво и го става во современ контекст. Таа е авторски проект на современиот македонски режисер Андреј Цветановски, кој истовремено се јавува и како драматург на текстот.

Творештвото на еден народ секогаш претставува богатство што се чува и негува. Тоа секогаш претставува показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион. Тоа е еден белег за одликите и навиките на еден народ. Тоа се творби на народот, за народот. Тоа е усно творештво што се пренесува со генерации. Но тоа творештво е подложно на промени и модификации како и секое усно творештво. Прашањето е каква е таа модификација? На каде се движи фантазијата? Која е вистинската приказна зад секоја една од македонските народни песни?

Ликовите на македонските народни песни се развиени и поставени на одреден пиедестал, како јунаци кои се борат против поробувачите на слободата и верата на Mакедонците. Овие ликови прераснале во своевидни симболи на таа борба. Но, реципиентот (гледачот/слушателот) на живото културно наследтво во ретки прилики се запрашува какви всушност биле овие ликови во реалноста. Прашањата за нивната човечка природа и слабости ретко се поставуваат.

Дејствието на претставата ќе го води собирачот, колекционерот, патеписецот, еден архетип за македонската нација и код, но и тој е различен од она што сме научени. Не оној добар чичко што оди и запишува, ами мрзоволен и намќор старец кој приказните ги слуша во меана, македонско архетипско место за решавање, но и создавање на сите локални и национални проблеми.

Актерската игра ќе се заснова на барање на страната на македонските ликови не како херои, ами онаа другата на обични луѓе кои грешат исто како и сите ние. Луѓе кои не се ништо повеќе од она што сме и ние самите.

Музиката во претставата ќе биде контрапункт на гротеската на сценското дејствие, и ќе се обидува преку оригиналните звуци на македонската изворна музика да добива друг призвук.

Сценскиот дизјан ќе се служи со карактеристични симболи и знаци на македонштината, но употребени во друг контекст и форма.

Сите овие елементи ќе работат за главното прашање, кој е херојот на Македонија и дали тој херој е безгрешен?

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios