„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Мртвиот дом
Автор:   Фјодор М. Достоевски
Режија:   Ирена Стеријовска
Сценографија:   Стефан Спировски
Костимографија:   Ана Кркулевска
Музика:   Златко Ориѓански
Улоги:  
КГ:   Крсте Јовановски
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:  
Осветител:   Игор Георгиев
Тонмајстор:   Димитар Илиоски
     
   

“Мртвиот дом” е длабока исповед на еден актер, кој некаде, попатно, заборава да биде човек. Мртвиот дом е метафора за изгубени соништа и добиени бледи сенки, кои само потсетуваат  на една личност. Дали она што сме не е само реална приказна на она што можеме да бидеме или потезите кои ги повлекуваме во животот се оние кои го детерминираат нашиот потенцијал?

Како актерот престана да биде човек?

Што се случува со човекот кога неговиот живот станува приказна на нечии туѓи реалности? Дали го губи или преку нив го открива сопствениот идентитет? Замајќи го императивот на театарот, секогаш да је бара вистината, што се случува кога еден актер ќе ја најде?  

Оваа приказна се занимава со животот на актерот кој ја наоѓа вистината, но таа е горчлива и тешка. Таа не е вистина после која се слуша громогласен аплауз, таа е тивка и мачна, и  како лузна се провлекува низ времето.  

 

Театарот како затвор за актерот

Ако за еден обичен човек решетките се оние што го прават затворот, за овој актер тоа е неизбежениот епилог на неговата приказна. Тој секогаш одново и на различен начин  почнува да трага, но завршува со истиот крај. Тој гласно прашува дали нешто би се сменило доколку Отело, учтиво, го замоли Шекспир да не ја убива Дездемона. Тој беспомошно протестира против детерминираноста на својата повест.

 

                                                                          Ирена Стеријовска

                                                                          режисер

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios