"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Грев или шприцер
Автор:   Сашко Насев
Режија:   Деан Дамјановски
Сценографија:   Филип Јовановски
Костимографија:   Билјана Каран
Музика:   Венко Серафимов
Улоги:   Драган СпасовБилјана Беличанец - АлексиќЗоран ЉутковРоберт ВељановскиСашо ТасевскиМаја Вељковиќ - ПановскаБилјана Драгичевиќ - Пројковска
КГ:   Јана Стојановска/Ана Стојановска, Мартин Јордановски
Инспициент:   Кире Ставревски
Суфлер:   Жаклина Цветковска
     
   

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР е драма за страста и неправдата, за гревот и за обичните луѓе, за љубовта и за брзината со која одминува животот. Ликовите во ваквите драми, заедно со заплетите и хибридниот жанр, кој малку не засмева, а малку не расплакува, ако се вешто изведени, секогаш преживуваат низ епохата и се предизвик на новите генерации гледачи. Иако праизведбата на оваа драма беше пред речиси дваесет години, со истата возбуда и деновиве исчекуваме да ги видиме мајсториите на Деан Дамјановски, неговите соработници и сите сјајни актери на Драмскиот театар од Скопје. ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР немаше амбиција да ја нарекуваат „античка трагедија од наше маало“! Тоа е една обична приказна со своја судбина што започнала на денот на страшниот скопски земјотрес во 1963 година и траела следните осумнаесет години. Таа приказна можела да стане „приказната“ на секој од нас. Секој од нас можел да биде виновен без вина исто онолку колку што се виновни Крсто, Цвета, Беба, Џанго, Миле и сите други ликови што ѕиркаат од темницата на оваа стара драма. Таквите драми, најчесто се драми за нас, обичните луѓе и се случуваат насекаде околу, а постојат со цел да не забавуваат и да не научат да бидеме подобри луѓе. Затоа и ние, всушност, создаваме драматургија.

Сашко Насев,

автор

 

Драмскиот текст и претставата ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР од 1992 година, претставуваат своевиден „бренд“ на Драмскиот театар, но и општо на театарот во суверена и независна Македонија. Овој факт носи определен багаж, кој, ако ништо друго, треба да се земе во предвид кога се прави нова постановка. Во таа смисла, нашите креативни напори, сега и овде, 20 години подоцна, се насочени кон тоа да создадеме театарски производ, кој ќе комуницира со актуелниот контекст и современата публика. Со ваквото (пре)создавање на овој, „знаков“ драмски текст, верувам дека ќе се сочува извесен континуитет во нашата современа театарска продукција и на тој начин, гледано пошироко, ќе се збогати нашиот специфичен театарски и културен идентитет.

Деан Дамјановски,

режисер

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios