"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Интермецо
Автор:   Сашо Тасевски
Режија:   Роберт Вељановски
Сценографија:   Тихомир Спировски
Костимографија:  
Музика:   Горан Трајкоски
Улоги:   Рубенс МуратовскиСашо Тасевски
КГ:  
Инспициент:  
Суфлер:  
     
   

Театарскиот свет на Тасевски е грд, морално расипан, перверзен и гнасен. Тоа е свет над кој може само да се блуе и уринира. Свет „без пардон“. Оти „пардонот“ е за луѓе, не за животни. И ако Кант се колнеше во ѕвезденото небо над него и моралниот закон во него, тогаш Тасевски порачува: нема веќе никаков морален закон во човекот, а ако нема морален закон, тогаш веќе нема ни кој да го гледа ѕвезденото небо и да му се воодушевува на неговиот творец. Светот на Тасевски е свет без Бога, но тоа е она помалото зло: тоа е, за жал, веќе и свет без човек. Оттука, ликовите во неговите драми  изгледаат како повампирани тела од некаков институт за судска медицина, на кои им е изваден горниот дел од утробата – срцето, а оставени им се само органите за чревоугодие (цревата) и сладострастие  (гениталиите). Тоа се живи мртовци чиј крик за среќа и вистинска љубов цинично одекнува под величественото Кантово ѕвездено небо.

“Интермецо”, е вистински бисер на нашата понова драматургија: таа е еден вид интертекстуален рецитат на “Чекајќи го Годо”. Двајцата ликови, Џиџи и Мртва, се единствените преживеани по вториот потоп на земјата, по кој е збришана сета цивилизација. Живеат во една пештера, чекајќи можеби некој хеликоптер што ќе ги спаси. Апсурдот е главното оружје на Тасевски во оваа драма, а нејзината драматургија е изведена со речиси геометриска прецизност. Драматургија без пардон, еден вид естетика на злото и грдото која отвора крупни морални прашања за светот во кој живееме.

Венко Андоновски

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios