"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Ангели во Америка
Автор:   Тони Кушнер, Драматург: Серџо Костола
Режија:   Џеред Џ. Стајн
Сценографија:   Десидерио Ројбал
Костимографија:   Ралица Георгиева
Музика:   Ратко Даутовски
Улоги:   Игор СтојчевскиФилип ТрајковиќДиме ИлиевЛилјана ВелјановаГордана ЕндровскаТрајанка ИлиеваИгор АнгеловФилип ТрајковиќФилип Трајковиќ
КГ:   Никола Ацевски
Инспициент:   Кире Ставревски
Суфлер:   Даница Илиева
Осветител:   Кире Бубулевски
Тонмајстор:   Чедомир Младеновски
     
   

Една од најизвиканите драми во последниве две децении во САД, “Ангели во Америка” од Тони Кушнер ја означи пресвртницата во историјата на американската литаратурна култура и поттикна радикално преиспитување на американската политичка драма. Добитник на две награди: “Тони” и “Пулицеровата награда” за драма, во 1991 година, “Ангели во Америка” е преведена на многу светски јазици и е поставена на театарските сцени ширум светот.

Тони Кушнер на драмата и даде подналсов “Геј фантазија на национални теми: милениумот наближува”. Токму како фантазија, драмата претставува мешавина од различни форми и стилови, мешајќи ги Шекспир и Библијата, поетскиот реализам со “театарот на слики” и феминизираните мажи со јидиш хуморот. Згора на тоа, дејствието се развива како “епска драма” низ големи временски и просторни разлики, користејќи  ја Брехтова естетика во самата нејзина суштина, што станува евидентно во техниките како што се епизодната структура, мултифокалното раскажување, симболичните ликови и повеќеполовата поделба на улогите (мажи кои играат женски улоги и обратно). Овие техники се применети за да се драматизираат, но истовремено и “отуѓат” општествените, политичките и историските прилики во Америка од крајот на 20 век. Она што Кушнер ни го нуди се моменти од животот на два пара и на една политичка измама: калеидоскоп од компактни сцени, кој се навраќа и ги преиспитува резултатите од вкрстувањето на угнетувањето и структурите на моќта, преку толку очајни теми како што се историските миграции, сослушувањата на Мекарти, политиката на Регановата ера и навлегувањето на геј-заедницата во јавната сфера.

Како што Кушнер ни навестува, ова е театар со потенцијал за “радикална интервенција” и за “ефективна анализа”, кој ползува од “збиениот стил на презентација, со минимална сценографија и со брзи промени на сцените”. Со внимателно следење на мрежата од ликови, со широка палета на етнички и верски идентитети, публиката е поканета да го признае недостигот од волја на општеството да се справи со страдањето, додека граби напред во име на напредокот. Така, општеството, а во поширока смисла и индивидуалецот, ги прифатија алчноста и индивидуализмот како заменска доблест за одговорноста и повисокото чувство за заедништво. Ова сценарио не е уникатна американска приказна:  како што и Европа и САД продолжуваат да ја шират својата визија за демократијата, ги занемаруваат и потребата за решавање на нерешените проблеми и страдањето на маргинилизираните групи, кои и натаму ќе страдаат, додека ние остануваме загледани во “иднината”. Всушност, една цврста демократија, како што не потсетува Рон Скап, “не ги зема здраво за готово ниту негацијата на сингуларноста, ниту, пак, нашата наивна перцепција  на тотализираниот мит за надежта. Наместо тоа, потребно е куражно да ја изразиме сплотеноста, веднаш и тука, на нашиот повтеж, на нашата љубов.

 

Серџо Костола и Тајлер Кинг

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios