„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Маркиза
Автор:   Јукио Мишима
Режија:   Ѕвезда Ангеловска
Сценографија:   Валентин Светозарев
Костимографија:   Марија Пупучевска
Музика:   избор - Ѕвезда Ангеловска
Улоги:   Билјана Драгичевиќ - ПројковскаИрена РистиќГордана ЕндровскаТрајанка ИлиеваКалина Наумовска
КГ:   Искра Ветерова - Славенска
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Даница Илиева
Осветител:   Игор Георгиев
Тонмајстор:   Димитар Илиоски
     
   
.........Според текстот на Јукио Мишима времето и дејствието се случуваат во Париз меѓу 1772 и 1790г. Тоа се години пред и за време на Француската револуција, години на промени, години  на убави и тажни спомени на шест жени, кои на најчуден начин се поврзани со името Алфонс Франсоа Маркиз де Сад. Дали неговото присуство или поточно наречено отсутство, ги креира овие жени да бидат реални или измислени, дали тоа предизвикува тој  да се менува низ приказните  на овие шест жени, а меѓу нив-низ исповедта на Шарлота? Кои се тие,  кој е, всушност, тој?
Кои сме ние пред огледалото, а кои сме зад огледалото? Дали можеме да ја уловиме минливоста на времето или сето тоа е само блесок на променливоста? Не постои поглед од никаде, постои секогаш од некаде. Од тоа некаде-дали навистина ја доживуваме личната слобода И дали го пронаоѓаме сопствениот животен простор? или можеби има траги на маски за да се заштитиме, зашто секогаш некој не ,,загрозува,,.
Овие прашања не се поврзани со ниту едно време, со ниту еден настан...Тие се секогаш многу, мултиплицирани низ разни времиња, а ние само изборот го правиме. Прашање е дали  ние вистински го правиме?
Кога скандалот станува задоволство, слободата преоѓа во ропство, идеалот на сопствениот  морал не бутка кон лажната среќа, тогаш се појавуваат точките на пресврат. И  тогаш не ни забележуваме како старееме, како настанале промените, зашто прашањата за болестите, гладот и смртта стануваат апсурдни, кога веќе толку пати сме го пребродиле стравот и болката.
                                                                                         Звезда Ангеловска
 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios