“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Лебедова песна
Автор:   Антон Павлович Чехов
Режија:   Бранко Ставрев
Сценографија:   Бранко Ставрев
Костимографија:   Елена Дончева
Музика:   ФОЛТИН
Улоги:   Ванчо Иван Петрушевски
КГ:   Сенко Велинов, Габриела Петрушевска, Војо Цветановски
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Даница Илиева
Осветител:   Кире Бубулевски
Тонмајстор:   Димитар Илиоски
     
   

Драмите на Антон Павлович Чехов (1860-1904) ги истиснуваат едночинките на Атоша Чехонте и тие денес ретко се играат.

Нашата претстава има благородна намера таа неправда да ја исправи и да потсети на нивните неминливи вредности.

Чеховската слабост кон водвилите ги загрижила неговите пријатели. Суворин му забележува дека ја расипува својата сила и го потсетува дека Сергејенко пишува трагедија за животот на Сократ. Чехов му одговара: Тие тврдоглави селанчишта, секогаш, се фаќаат за големи работи зашто не умеат да пишуваат мали, а имаат големи претензии зашто немаат книжевен вкус. Полесно е да се пушува за Сократ одошто за готвачката. Поаѓајќи од тука, јас не мислам дека пишувањето едночинки е лекомисленост.  Ако водвилите се трици, тогаш трагедијата на Бурењин е трици во пет чина...

А ние? Ние го прикажуваме животот каков што го гледаме и никако поинаку.

Животот е живот а морковот морков.

Чехов сакаше да се поигра и да напише нешто "за своја душа". Тоа благородно чувство се пренесе и на мене, а јас се обидов да им го пренесам на моите актери, за да ви го пренесат вам.

Во фокусот на нашата "Лебедова песна" е ликот на актерот Светловидов. Во чест на својот јубилеј, заборавен на полноќ во театарот, ќе одигра протестна претстава од фрагментите на Шекспировиот "Крал Лир" и "Хамлет" и на Пушкиновиот "Борис Годунов", кои ја надополнуваат неговата животна и творечка биографија.

Кога неговата заблуда дека "онаму каде што има талент и уметност нема старост" ќе се искачи на врвот, тој со својата мала трупа ќе ги одигра и едночинките "Мечка" и "Предлог за брак", во чие финале ќе падне изнемоштен и изгубен, свесен дека ја "отпеал својата песна", и дека е стар дури и за свитата на Фортинбраз. Ќе замине од сцената (а можеби и од животот), молејќи да го запомнат таков каков што бил, ни да се смали нешто, ни нешто да се придодаде од злоба.

"Лебедова песна" е претстава во претстава, своевиден омаж за актерот и за театарот.

                                                                         Бранко Ставрев

 

 

Односот меѓу вистинитото и стварното е заснован врз фактот дека нештата не се онакви какви што изгледаат, а ниту онакви какви што ни се присторуваат, туку се несфатливи, неразбирливи. Тоа кај Чехов се протега низ целото негово творештво. Всушност, тоа е неговиот авторски потпис.

                                                                  Митко Маџунков

                                           "Чехов или тајната на раскажувањето"

 

 

 

 

 

Едночинките и драмите се разликуваат само по обемот.

Краткоста е сестра на талентот.

Кога ќе се изнапишам, ќе почнам да создавам водвили.

Водвиљски сижеа бликаат од мене, како нафта од утробата на Баку.

Во Водвиљот верувам како автор. Оној што има 25 десетини земја и десетина пристојни водвили, за мене е добро обезбеден човек-неговата вдовица нема да умре од глад.

Во драмата настојувај  да бидеш оригинален и по можност умен но, немој да се плашиш да бидеш ниту глупав; овде е потребно слободоумие, а слободоумен е само оној кој не се плаши да пишува глупости.

Не залижувај, не дотерувај, туку биди неприкладен и дрзок. Патем, имај на ум дека љубовните објаснувања, брачните измами, вдовичките, сиротинските и сите други солзи веќе, одамна, се опишани. Сижето мора да биде ново, а фабулата може да изостане.

Чувај се од биран јазик. Јазикот треба да биде едноставен и убав.

                                                  Чехов - За животот и за литературата

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios