“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Кинегонда во Карлаленд
Автор:   Венко Андоновски
Режија:   Сашо Миленковски
Сценографија:  
Костимографија:   Тихомир Спировски
Музика:  
Улоги:   Драган СпасовБилјана Беличанец - АлексиќБранко ЃорчевЈелена ЖугиќЗоран ЉутковРоберт ВељановскиРубенс МуратовскиДејан ЛилиќСашо Тасевски
КГ:  
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Даница Илиева
     
   

Драмскиот текст Кинегонда во Карлаленд и тематски и стилски произлегува од и се надоврзува на текстот Кандид во земјата на чудата, кој се уште се наоѓа на репертоарот на Драмскиот театар. Тие два текста можат да се сметаат за еден вид текстови "близнаци", бидејќи се служат со истите главни ликови (Кинегонда, Кандид и Доктор Панглос), но ги поставуваат во две различни средини и две различни културни ситуации.

Имено, во Кандид во земјата на чудата, наивниот лик на Волтер, Французинот Кандид беше доведен и оставен во Македонија, за да ја доживее и види таа земја со свои очи. Таму видовме дека прагматичниот западен човек ја доживува Македонија како земја на чудата, земја во која логиката не постои а се се претставува како логика, односно како земја во која се е можно: дури и чудата се разултат на "логика". Овојпат, со драмскиот текст Кинегонда во Карлаленд, се менува перспективата-сега една македонка, под прекар Кинегодна, оди во една фиктивна европска оаза-Карлаленд, за со нејзини очи ние да го доживееме и видиме "студениот", прагматичен свет на логиката и рациото. Се разбира, зад тоа студенило се откиваат празни флоскули, нелогичности, апсурди и пред се - суров економски интерес. Леќата со која се гледа тој свет е иста како и диоптријата на "Кандид"-тоа е комично-гротескна визија, визија која се движи од целосно бел хумор до црна сатира. Низ тие диоптрии се открива суровоста на еден навидум хуман и "логички организиран", "суреден" свет, се открива неговата лакомост и грабливост. Под маската на "науката" и "методот", односно под маската на "врвните специјалистички знаења" таму, на пример, постои очен лекар за лево око, кој не знае да лекува десно око; постои лекар што знае да лекува десно сино, ама не и десно зелено око. Тие апсурди на "специјалистичкото знаење" се резултат на еден постмодорен дух на Европа, во кој не постои обидинувачка сила на знаењата, така што тие се исцрпуваат во празно интелектуално жонглирање, елитизирано под маската на "напредокот"

Ликот на Кандид, македонскиот зет, се јавува и во овој текст. Забележувајќи дека денот на нивната договорена свадба наближува а Кинегодна ја нема да се врати во Македонија, решава да појде и да ја избави од страотната челуст на лакомата западна цивилизација која тој одлично ја познава. Добар дел од текстот всушност е во таа потрага и потем-во авантурите низ кои ќе поминат Кандид и Кинегонда (тој дури ќе биде обвинет и за геноцид врз сопствениот народ), за да се вратат назад и за да завршат во брачните прегратки, во една топла земја-Македонија. Неа, Македонија, иако е таа "зејма на чудата", ќе ја ценат сега повеќе од порано, бидејќи видоа "што има таму, зад седум планини и мориња" и видоа дека тоа не е ништо сјајно и особено. Видоа дека тоа е една цивилизација на залез, иако е многу богата.

           

Кинегонда во Карлаленд, како и нејзиниот текст претходник се базирани на постмодерната постапка на "цитирање" ликови и мотиви од познато дело во светската книжевност. Во овој случај станува збор за романот Кандид на Волтер. Од него се "зајмат" главните ликови. Но, и во Кандид во земјата на чудата и во Кинегонда, освен тоа што се позајмени имињата на ликовите и главните стилски одлики на текстот (критичкиот хумор и хиперболизираната апсурдност), сето друго е плод на имагинација на авторот. Сижето, локацијата, заплетите, перипетиите-сето тоа е изворно и од таа семантика може да се препознаат многу наши актуелни околности.

 

Токму затоа, се очекува текстот, кој е спој на универзалното и локалното, да предизвика особен интерес кај публиката и да воспостави критичка дистанца кон нашата стварност, а не само да кажува вечни и универзални вистини. Тоа, впрочем се случи и со неговиот претходник, кој  се уште, и по пет години, се игра пред полн салон, благодарејќи и на режијата на Сашо Миленковски.


Венко Андоновски

 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios