„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Коза, или која е Силвија?
Автор:   Едвард Олби
Режија:   Дино Мустафиќ
Сценографија:   Драгутин Броз
Костимографија:   Тихомир Спировски
Музика:  
Улоги:   Мето ЈовановскиЈелена Жугиќ
КГ:   Кирил Ристоски, Филип Трајковиќ
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Даница Илиева
Осветител:   Киро Ставревски
Тонмајстор:   Димитар Илиоски
     
   

 

 

“Се работи за четири човечки суштества и коза… и за односите меѓу нив.”, Едвард Олби

“Коза, или која е Силвија”, на Едвард Олби (напишана 2002 година), денес е едно од најконтраверзните драмски дела. Со својата едноставна и концизна структура, чиста приказна, цврсто поставена драмска стапица и одлично доведени до крај карактери, “Коза, или која е Силвија” е голема провокација како за екипата,  така и за публиката, но и, воопшто, за светот денес и за времето кое го живееме.

 “Коза, или која е Силвија”, е едно (не)класично брачно соочување, на Стиви и Мартин, кои во прекрасен брак живеат цели 22 години, се до моментот кога ќе се отвори темата прељуба со признанието на Мартин дека има врска со “извесна Силвија, која е коза”. Токму со овој избор на Мартин, кој е вон границата на прифатливото, се поставува еден метафизички прашалник: Каде се границите на човечката љубов? Каде е границата на човечката болка, на човечката толеранција?, Каде е границата на она што е “болно” и она што е “нормално”? И кој е тој што има право да ја постави таа граница? Стиви, како негова сопруга е прва која ќе си дозволи да ја испита таа граница, а веднаш по неа во таа стапица доброволно или недоброволно ќе згазне секој, баш секој гледач во публиката, соочувајќи се со едно сосема ново емотивно искуство.

           

Загорка Поп-Антоска Андовска, дипл. драматург

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios