„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Демонот од Дебармаало
Автор:   Горан Стефановски
Режија:   Слободан Унковски
Сценографија:   Мета Хочевар
Костимографија:   Јелена Проковиќ
Музика:   Влатко Стефановски
Улоги:   Јовица МихајловскиБилјана Беличанец - АлексиќДејан ЛилиќДраган СпасовСашо ТасевскиМарин БабиќДиме ИлиевЈелена Жугиќ
КГ:   Јелена Јованова
Инспициент:   Мугрен Еленински
Суфлер:   Жаклина Ѓоргиевска
     
   
„Демонот од Дебармаало“ е црна комедија. Таа користи мотив од една средновековна француска сказна за бербер убиец, посебно популарен во англиската мелодрама од деветнаесетиот век, во серијата пиеси за берберот од Флит Стрит.
Еднаш се обидов да замислам како би му било на овој бербер да живееше во Дебармаало. И одеднаш оваа премиса совршено ми се залепи на нашето време, на нашите сурови петнаесет години транзиција. Овој лик ми се виде посилен од стварноста, како некој кој може да дојде до ак. Лут иљач на лута рана. Барем во театар.
Имав голема чест што текстот ми беше порачан од Драмскиот театар - Скопје за неговата 60 годишнина. Го пишуваав со огромна радост и полна свест дека тука се работи за нешто кое не е преведливо, нешто сосема наше. Нешто, кое само ние на тој начин го знаеме и само ние на тој начин го живееме.
                                                                                                                                                Горан Стефановски
 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios