“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Кино „Љубов“
Автор:   Јани Бојаџи
Режија:   Јани Бојаџи
Сценографија:   Тихомир Спировски
Костимографија:   Тихомир спировски
Музика:   Горан Трајковски
Улоги:   Јелена ЖугиќРоберт ВељановскиМаја Вељковиќ - ПановскаДиме Илиев
КГ:   Владо Јовановски
Инспициент:   Мугрен Еленински
Суфлер:   Жаклина Ѓорѓиевска
Осветител:   Кире Бубулевски
Тонмајстор:   Чедомир Младеновски
     
   

Мрсни думи

Јас не сум Коста, Мира не ја познавам, Стево не сум го сретнал во животот, не ме учел професор, а Фроса ќе се роди заедно со Бебето што го носи. Чесен збор, жими мајка, еве ако треба крст ќе бацам (не ме терајте да се колнам во Господ), аманте луѓе - верувајте ми! Ми дојдоа на сон, неканети, ми се тутнаа речиси со сила. Нит прашај, нит попрашај, се распиштолија во мојава глава (среќа на габаритноста на споменатиот дел од ова кутро тело) ко да се дома. Во своја куќа. Да признаам, иако ја немам онаа, надалеку фалена, македонска гостоприемливост, некако, ми дојде природно да се раскрепостам со фини манири на љубезен домаќин. Сум истрпел во животот и пострашни работи од вообичаените "три дена гости". Да бидам искрен, ме понесе жарот на нивните жолчни расправи за светото право на секого од нив, да не кажуваат "мрсни думи"! Моето незнаење нема крај, но се дотогаш, "тоа" дебело подкожно ткиво, сум го придавал кон "таквите" вицеви, "оној" бурек и "оние" соседи! Недостоен за нивото на академската дискусија, но од пуста желба да учествувам во важните настани, следејќи ги од страна, решив да ги запишувам одделните излагања. Иако тешко ми падна задимената атмосфера, (настанот се случи пред донесувањето на Законот за пушење а јас тогаш бев непушач) го топнав мастилото и почнав да пишувам. Нивната остра реакција за моето "неовластено" располагање со туѓа интелектуална сопственост, набргу беше решена согласно непишаните комарџиски кодекси, за правото на собирање пиксла. Должам многу, но тоа ми е идеата. "Некои работи", просто, не можат да се раскажат на кратко. Ова е една од "тие". Претпоставувате, поминаа, ко еден, трите дена мили гости, а натрапниците никако да се сетат да си заминат. И покрај учтивите настојувања да покажат разбирање за моето "положение", имањето на една друга, многу важна работа (се разбира дека немав никаква друга работа) скромните сместувачки капацитети и социјалната состојба на фукара уметник во транзиција, погоре споменатите персони немаа абер да се заблагодарат на гоштевањето и да си отидат по дома. Или таму од кај што дошле. Не помогнаа дури ни моите сериозни закани, дека ќе се разбудам, доколку веднаш на се јоктисаат од мојот сон. Напротив, место да се будам, јас заспивав се подлабоко и подлабоко. Со време (а помина многу време од тогаш) неколку пати ми беше уредно понудено активно да се вклучам и јас во нивната расправа, се разбира со свои аргументи. Не се осмелив да го направам тоа. Иако во меѓувреме од нив научив многу, слушајќи од страна, мене, единствено, ме интересираше како да ги надитрам и да ги натерам, со арно да си заминат од мојава глава. Како и секој средностатистичен, ординирано дете на антикомунизмот, (звучи ли ова гордо?) пораснат на тоблероне и пепси, сум го проколнувал системот, заради моето сувопарно образование со бесмислени математики, физики и хемии, осакатено од практични, животни дисциплини, толку својствени на успешниот капиталистички свет. Но, не било така. Петката по хемија, си ја покажа својата системска важност, па освоените знаења за процесот на промена на агрегатната состојба, ми се најде како база на киселина. Така решив да ги "оживеам", и од Сон да ги претворам во Јаве. И напишав драма. Тие што не напишале драма, (а не напишале само тие што не решиле да напишат) да имаат на ум дека тоа е ѓаволска работа, што дотичниот ја прави кога нема работа, а јас веќе споменав дека немав никаква друга работа. Кога ќе го прочитате ова, Коста, Мира, Стево, Фроса и Професорот, веќе нема да бидат во мојот сон. Можеби, не дај Боже, во нечиј друг сон. Но не и во нивниот. Им ветив дека во оваа драма тие ќе бидат ликови што не сонуваат. Сум го одржал ли дадениот збор?

Јани Бојаџи

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios