“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Јонадаб
Автор:   Питер Шефер
Режија:   Дејан Пројковски
Сценографија:   Владо Ѓорески
Костимографија:   Благој Мицевски
Музика:   Драган Даутовски
Улоги:   Бранко ЃорчевРубенс МуратовскиТрајанка Илиева
КГ:   Митко С. Апостоловски, Игор Стојчевски, Габриела Петрушевска, Филип Трајковиќ, Мики Анчевски, Гораст Цветковски, Борче Начев, Бошко Бозаџиевски, Даниела Стојковска, Благица Трпковска, Михајло Настовски
Инспициент:   Зоран Елинински
Суфлер:   Жаклина Ѓоргиевска
Осветител:   Кире Ставревски
Тонмајстор:   Чедомир Младеновски
     
   

Текстот Јонадаб на Питер Шефер обработува тема од стариот завет од библијата.
Темата за првиот инцест и братоубиството. Дејствието се развива во древното царство на царот Давид, основната тема во претставата е желбата на човекот да биде бесмртен и жртвите кои што тој човек треба да ги прави на патот кон бесмртноста. Централна личност  е Јонадаб, далечниот роднина, ситниот мал човек кој предизвикува голема трагедија. Јонадаб е во конфликт со  Бога, и затоа ја прави целата интрига за да докаже дека тој Бог или не постои или не е семоќен. Освен царот Давид, неговите два сина, и ќерката Тамар, во претставата цело време е присутен и народот на Израел со своите ритуали и верувања. Јонадаб го наведува Амнон да верува  дека само инцестот е патот до бесмртноста. Но една несреќа раѓа друга, дуелот меѓу двајцата браќа носи нова смрт. Братот Абсалом се одмаздува за смртта на својата сестра, но само затоа што тој е вљубен во неа и смета дека тој е богоизбраниот. Всушност целото Давидово семејство стануваат марионети во рацете на Јонадаб. Последната сцена, во театарот на Јонадаб е убиството што го прави Тамар врз Абсалом. Царот Давид е паднат на колена, синовите мртви, тамар здивена од вкусот на крвта, а Јонадаб, сепак несреќен. Сите интриги, желби за власт, бесмртност, убиства, инцести се одигруваат на песок, на брегот на Медитеранот, во еден жесток ритуален театар, каде, на крај, Јонадаб заклучува – сепак Господ постои.

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios