„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   1900-иот
Автор:   Алесандро Барико
Режија:  
Сценографија:  
Костимографија:  
Музика:  
Улоги:  
КГ:   Кристијан Светиев
Инспициент:  
Суфлер:  
     
   

Неколку збора за „1900-тиот“

 

„1900-тиот“ од познатиот италијански писател Алесандро Барико е монолог напишан за конкретен актер и конкретен режисер, за првпат објавен во 1994 година. Тоа е приказна за еден пијанист роден на прекуокеански брод, кој токму таму го достигнува совршенството во играта со ограниченото. Тој брод кој постојано се движи меѓу два света, два сона, Европа и Америка, е неговото најголемо царство. Неговата бескрајна слобода и неговиот доживотен затвор. Живот предаден преку философијата на 88 типки на пијаното.  Неговата музика е она недопреното, игра на имагинацијата, можност за индивидуален допир со најубавото во себе. Приказната ја раскажува Тим Туни, трубачот на бродскиот оркестар, единствениот пријател на 1900-тиот.

Ова е претстава за животот како личен избор, претстава која ја става на испит нашата моќ да го убиеме сонот и да се помириме со реалноста. Таа ги тестира нашите стравови и нашата храброст да останеме засекогаш таму кадешто единствено припаѓаме и можеме да опстоиме. Таа ни ја нуди во сета нејзина тежина и комплексност шансата, барем во тој еден час, скришно едни од други, да се обидеме да ја донесеме одлуката да бидеме она што сме, а не она што сакаме да бидеме или што другите бараат од нас да бидеме.

 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios