“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Солун - Град на духови - Гостување на Театарот на навигаторот Цветко
Автор:   Русомир Богдановски
Режија:   Слободан Унковски
Сценографија:  
Костимографија:  
Музика:   Златко Ориѓански
Улоги:  
КГ:  
Инспициент:  
Суфлер:  
     
   

настапуваат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева,  Стефан Вујисиќ, Мартин  Манев, Горан  Ников, Владимир  Петровиќ и Златко Ориѓански

Хрониката СОЛУН ГРАД НА ДУХОВИ, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија.  Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430, па се  до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски Евреи во логорот Аушвиц.

Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето. Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.

Претставата е направена со поддршка од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и од Министерството за култура на Република Македонија.

СОЛУН – ГРАД НА ДУХОВИ е првиот дел од трилогијата која ги опфаќа и ЛЕРИН – ПОЛИЊА ЖИТО, РИДИШТА КРВ (премиера во декември 2015) и СКОПЈЕ - СКОПЈЕ во 2016/2017 година.

Премиерата на Солун град на духови беше на 2 март 2015 година во Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија. 

Театарот на Навигаторот Цветко е основан од Слободан Унковски и Александар Поповски во 2008 год. Името го доби по истоимената улогата на нашиот омилен  актер Ненад Стојановски во претставата Чернодрински се враќа дома  по текст на Горан Стефановски.

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios