“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Облачна исповед
Автор:   Томислав Османли
Режија:   Деан Дамјановски
Сценографија:   Филип Јовановски
Костимографија:   Филип Јовановски
Музика:   Венко Серафимов
Улоги:   Драган Спасов
КГ:  
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   даница Илиева
     
   
Облачна исповед
или
како Киро, багерист од втора категорија и самохран татко, побара уште едно небо
ПОСЕД ВО ОБЛАЦИТЕ

Читам деновиве во печатот: еден човек, здрав и прав, но чувствителен на разграбувањето на сите природни и материјални добра околу нас, пред судовите на својата земја поднел барање за своја сопственост да ги прогласи – облаците:
Москва, 30 март – “Рускиот еколог В.О. ги искористи дупките во законот и воспостави приватна сопственост над облаците”, пренесува МИА. Според пишувањето на весникот “Новие известија”, В.О. прво проверил дали постои преседан за овој случај и откако утврдил дека нема, ги подготвил неопходните документи кои ги предвидува законот, за да се прогласи за сопственик на имот, во овој случај на облаците.
Тој објаснил дека сопственоста врз облаците, која е заведена во голем број документи, треба да му овозможи да ги тужи фирмите и фабриките кои ја загадуваат атмосферата.

Знае овој човек дека облакот не се поседува, но се обидува барем нешто да спаси од грабежот што во ова време се прави над се што може да се допре. Ми лекна. Значи се уште има такви. Мислев дека луѓе со небо во душата и со светли, прозрачни и развиорени облаци во очите, денес постојат само во литературата. Но, не било така.
Облачна исповед е повест за отпорот кон падот на сите вредности. Затоа и главниот јунак го држи погледот упатен угоре; па макар се сопнувал на пречките и ѓубрето од денот. Во окото му сјае одблесок од чистите, морали височини, од небото, високите ветрови и фантастичната игра на облаците, за кои ми се чинеше дека другите немаат ни време, а ни чувство,
се додека не ја прочитав веста за оној што извадил имотен лист за посед над облаците.
Убаво, си велам: што ако и ние не сме се сетиле да извадиме тапија за облаците? Таму горе, барем, не сме веќе сами.

Томислав Османли

Претставата “Облачна исповед или како Киро...” се занимава со патологијата на современото живеење. Таа стои на границата помеѓу нормираното однесување и лудоста, помеѓу секојдневието и фантазијата и помеѓу цврстото тло и облаците.

Деан Дамјановски

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios