„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Човекот кој го изеде светот
Автор:   Нис-Моме Штокман
Режија:   Билјана Радиноска
Сценографија:   Мика Черепналковска
Костимографија:   Ивана Кнез
Музика:   Ненад Тонкин
Улоги:   Игор СтојчевскиДиме ИлиевБилјана Драгичевиќ - Пројковска
КГ:   Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ
Инспициент:  
Суфлер:  
Осветител:   Наум Доксевски, Дарио Секуловски
Дизајн и продукција на видео материјал:   Магдалена Дилевска
     
   

Драмскиот текст германскиот автор Nis-Momme Stockman е еден од најпоставуваните текстови на европската сцена. Во неговото творештво, овој драмски писател, раскажува човечки приказни, општествени влијанија на индвидуалните приказни, приказни за идентитет, за семејствo  и љубовни приказни.  „Човекот кој го изеде светот“ ни дава да ѕирнеме во едно семејно секојдневие, или пак во сите животи одделно. Ја раскажува приказната за нездравиот однос меѓу родител и дете, еден пропаднат брак, едно изневерено пријателство, едно споро и болно во својата спорост индивидуално пропаѓање.

Драмското дејствие го носат ликовите. Ликовите ја носат и приказната, и воедно таа ги носи  нив. Потребата да се проговори за човекот денес, за неговото согледување на себе самиот, и на се околу него е темелот на овој драмски текст. Не постоењето во сопствените рамки како форма на современо постоење. Леснотијата на говорот низ која е раскажана приказната само ја остава тежината на истата да лебди меѓу репликите. Авторот не го бара виновниот за текот на приказната, туку само темелно ги анализира структурите кои водат до пропаст на еден свет.

Претствата ќе раскаже приказна за очајната потреба за промена на состојбите кои во збор не се опишуваат, приказна за втречено гребење по изградените односи, за сите идеји за себе кои треба да се случат а не се случуваат. За потребата да се посочи виновникот за несреќните околности и немоќта што ја носи фактот дека вината за себе во себе се наоѓа. Приказна за изневерни очеувања, за неносење со одговорности, за стравот од соочување со себе и стореното. Во тој свет еден човек проголтува туѓи сништа, проголтува иднина, јаде ветувања.

„Човекот кој го изеде светот“ е безмислосно брутална и јака приказна со нежни, секојдневни зборови. Приказна која не се носи со сопствената драма, туку ја инсинуира асоцијативно во оние кои ја гледаат односно живеат.

Билјана Радиноска

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios