“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Ждрело
Автор:   Жанина Мирчевска
Режија:   Зоја Бузалковска
Сценографија:   Љупчо Јованов
Костимографија:   Лира Грабул
Музика:   Огнен Анастасовски
Улоги:   Рубенс МуратовскиЛилјана ВелјановаДиме ИлиевТрајанка ИлиеваСоња СтамболџиоскаФилип ТрајковиќМарија КондовскаМарија КондовскаСања Арсовска
КГ:   Димитрија Доксевски, Александар Степанулески, Ивана Павлаковиќ
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Даница Илиева
     
   
Текстот „ЖДРЕЛО“ се бави со проблемот на глобалното
потрошништво на капитализмот. Главниот лик има необичен проблем – 
тој е постојано гладен и со ништо не може да ја задоволи својата глад. Голта 
с? околу себе и во таа конзументска агонија, го изедува дури и своето име. 
Главниот лик, кој е безимен поради својата лакомост, се наоѓа во вртлогот 
на конзумирачкиот и потрошувачкиот дух. На своето патешествите од 
сиромашен отпуштен продавач на автобуски карти за внатрешен промет до 
богат наследник на огромно богатство, минува низ сопствениот пекол – кој 
е пат на сопственото спознавање. На тој пат, во потрага по својата ситост, 
се случуваат различни нешта за чие значење главниот протагонист не е 
ниту одблизу свесен. Текстот „ЖДРЕЛО“ е трагикомедија за АЛЧНОСТА на 
МАТЕРИЈАЛИСТИЧКО-ЛАКОМИОТ СВЕТ кој е присутен глобално. 
Јазикот е гротескен, ликовите – подложни на брзи пресврти... 
Темите безброј... Овој текст сублимира во себе практично с? што е дел од 
совремието речиси во секоја урбана точка од Земјината топка... 
Здрав живот, педофилија, инцест, заштита или злоставување на 
животни, човекојадство, расипништво, ламтеж за богатсво и пари, здрава 
храна, секс, експерименти, абортус, стереотипи, хомеопатија, реклами, 
брендови, економија, загуби, перверзно задоволување на страстите, 
зоофилија, понуда, потрошувачко општество... Текстот зборува и за тоа 
колку човештвото секојдневно, со сервирање на „животниот стил“, го 
доведува под прашање омиленото мото - ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ...
Па сепак, кризата на духот е еден од најсуштинските аспекти за кои 
говори „Ждрело“. Дереџето на човекот во кое и самиот себеси секојдневно се 
јаде, зашто „лакомоста најчесто е компензација за нешто што недостасува“.
 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios