“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Чија си
Автор:   Сашко Насев
Режија:   Љупчо Ѓоргиевски
Сценографија:   Валентин Светозарев
Костимографија:   Благоја Мицевски
Музика:   Маријан Нечак
Улоги:   Анастас ТановскиБлагој ЧоревскиЛазе МанасковскиВанчо Иван ПетрушевскиСилвија СтојановскаМарија КондовскаЃокица ЛукаревскиЃорѓи ТодоровскиДушица Стојановска
КГ:   Ленче Делова
Инспициент:   Гоце Бојчев
Суфлер:   Жаклина Цветковска
Осветител:   Дејан Блажевски, Кире Бубулевски
Тонмајстор:   Димитар Илиев, Чедомир Младеновски
     
   

„Чија си“ или љубов и покајание

Во „Чија си“ се прикажани животните патишта на група луѓе лоцирана во „калта“ на едно маало од периферијата на Скопје во 80-те години на минатиот век. Смртта на Ј. Б. Тито и почетокот на распадот на бившата С. Ф. Р. Југославија се само фoн врз кој се насликани судбините на ликовите кои заглавени во својата маалска филозофија гнијат и се распаѓаат во обидот да досегнат барем малку среќа.

Протагонисти во претставата се истите тие луѓе 30-тина години подоцна кои врз себе го носат багажот на еден бивш систем, на една бивша држава, на еден бивш живот, на еден бивш свет, на кој припаѓале се распаднал а нов не доизградиле. Бившото станува реалитет во кој живеат и се обидуваат преку деконструкција на минатото да ги редефинираат своите постапки. Во тој лавиринт се загубиле многу вистини, згаснале многу соништа и пропаднале многу надежи. Очајнички е секој обид било што да се поправи – минатото е непроменливо. Останува само покајанието зошто не се сакавме доволно, а тоа е единствениот начин да се симне товарот на бившото и да се зачекори напред. 

Љупчо Ѓоргиевски, режисер

 


ЧИЈА СИ е тажна драма за Ацо Шпрт гитарист од Ѓорче Петров и за Нина, локалната убавица. Тоа е приказна за нивната младешка занесеност и страст. ЧИЈА СИ е, исто така, драма за нивните родители, роднини, соседи, непријатели и за нивното маало. Во нивниот мал свет во кој може да се биде гитарист, војник, ситен криминалец, кондуктер или домаќинка, во тој мал свет нема ништо друго освен лажни митови и непредвидлива иднина. ЧИЈА СИ е запис и за една епоха во која умре Тито, се воведоа бонови за бензин и за зејтин, а на мода стана младите луѓе да одат во Лондон. И да престанат да веруваат дека треба да „се живее како сто години да ќе има мир, а како утре да ќе започне војна“! - Оваа драма е песна и приказна за локалните бендови кои пееја на македонски во старо време, а суровите момци беа „закон“ по перифериите на било кој град лоциран од Виена подолу на картата на Европа.        

Во ЧИЈА СИ има цврста фабула и прецизни карактери. Тие се веристички. Речиси живи луѓе. Верни на оригиналот според време, според место на случување и според дејствијата. Дијалогот е соодветен за секој од нив. Нивниот јазик е локален и тривијален. Од ваквите стари драми како ЧИЈА СИ човек лесно може да се засмее. Ама за момент, од истите овие стари драми човек може и да се растажи. Таквите драми како ЧИЈА СИ немаат поникакви претензии освен оние претензии што ги имаат занаетски дотераните драми. Тие драми сакаат да и се допаднат на публиката и да раскажуваат приказни поинакви од  другите приказни! Тоа се мали, градски приказни со тажен крај.

Таа мала и стара драма ЧИЈА СИ, создадена пред толку време, во која  живеат Чкембарот, Фабијан, Менка, Ристо, Киро Стап, Ринго Шатката, Верче и сите оние „луѓе со златен заб“, гости на банкети и свадби, заедно со Ацо и Нина, како да пловат во некоја дупната лаѓа низ историјата. ЧИЈА СИ и денеска личи на млада и нерасцутена драматургија, ама и на зрела и верна слика за нас. За нас малите луѓе од едно време кои се уште ги има и во дваесет и првиот век и на фејсбук. Тие мали луѓе и еснафи, матуранти, пензионери и борци за добар живот и подобар свет имаат во себе една голема страст. Страста да го драматизираат и да го слават животот. Оној обичен и тукашен живот, полн со изненадувања.

Новата претстава на Драмскиот театар од Скопје, мајсторски режирана од Љупчо Георгиевски, во себе ја има мудроста на песната „Чија си“ од Славе Димитров. Но, ја има и бесконечната уметничка моќ и возбудливата актерска експресија на Силвија, Таше, Чоре, Ѓокица, Ванчо, Ленче, Маки, Лазе, Трупче и Душица. Ги има костимите на Благоја и сцената на Тино. Музиките на Неќак. Не има сите нас заедно плус луѓето од гардеробата, шминкерите, реквизитерите, суфлерите и инспицентите. Заедно сосе осветлителите и тонците. Не има сите.

Сакам да верувам дека сите би сакале публиката да се забавува со новата ЧИЈА СИ на Драмски театар како што ние се забавуваме, гледајќи какви сме биле некогаш и колку сме се уште наивни иако бели во косите денеска.

Сашко Насев

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios