“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Вејка на ветрот - Театар Фабрика
Автор:   Коле Чашуле
Режија:   Режија - Ирена Стеријовска
Сценографија:   Стефан Спировски
Костимографија:   Ана Кркулевска
Музика:  
Улоги:  
КГ:   Кристина Ласовска, Рубенс Муратовски, Атанас Атанасовски, Драгана Левенска
Инспициент:  
Суфлер:  
     
   

“Вејка не ветрот” го носи статусот на прва современа македонска драма. Таа е приказна 
која се занимава со отуѓеноста како принцип, со борбата помеѓу илузијата за среќа и 
неможноста да се дофати истата. Повеќеслојноста на оваа приказна дозволува различни 
интерпретации, отвара низа прашања како за човековата природа така и за извесни 
општествени феномени во Македонија од почетокот и средината на дваесетиот век па се 
до денес. Вечната потрага за подобар живот “таму некаде, надвор” е приказна што како 
наследство се провлекува низ генерациите како некој вид космичко верување за серќа 
или барем нешто што потсетува на среќа. Коле Чашуле во оваа маестрално напишана 
пиеса го демистифицира “Американскиот сон” , прецизно ја слика клаустрофобијата на 
духот во големата Америка, хроничен недостатокот на љубов во богатото општество 
кое го нуди она “се” за кое сонуваме. “Вејка на ветрот” е симбол за промашен живот, 
живот кој завршува неоставајќи трага, кој остава само празно место за да започне уште 
еден таков едвај живеен живот. Константин ( Печалбари) го отстапи местото на Велко 
и Магда (Вејка на ветрот) кои пак беа заменети од Кире и Мане(Буре барут). Денес 
таа условна детерминираност на судбината на македонскиот човек е покомплексна 
проблематика. Денес безмалку хамлетовски се поставува прашањето да се оди или 
не? Денес вистинската борба е за живот незалудно живеен, со оставени траги и здраво 
наследство.

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios