„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Хамлет во пикантен сос - ТЕАТАР КОМЕДИЈА
Автор:   Алдо Николај
Режија:   Александра Кардалевска
Сценографија:   Стефан Спировски
Костимографија:   Маја Димовска
Музика:  
Улоги:  
КГ:  
Инспициент:   Нурјамет Рушити
Суфлер:   Даница Илиева
Осветител:   Дарко Ацковски
Тонмајстор:   Томи Анчов
Дизајн и продукција на видео материјал:   Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Ердоан Максут, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Роберт Ристов, Јелена Жугиќ, Илија Илиоски, Тања Мицков, Ердоан Максут, Илија Илиоски
     
   

Алдо Николај, користејќи го искуството на некои современи драмски автори кои ја обработуваат тематиката на Хамлет од Вилијам Шекспир, во овој текст, се занимава со младиот принц и неговата дилема: “да се биде или не”,  но погледнта од еден сосема поинаков агол.

Дејството е сместено во кујната на дворецот Елсинор каде што е зготвена и духовито зачинета фабулата на Шекспировиот Хамлет. Како што добриот сос е неопходен за вкусно јадење, така и љубопитниот кралски готвач Фроги, заедно со својата готварска свита, е неопходен за дворските сплетки. А кога е во прашање кујната на данскиот двор каде конзумер е младиот принц Хамлет и неговото кралско семејство, тогаш приказната восприема неочекувано трагичен тек, несвесно придвижуван токму од главниот готвач кој на крајот се обидува да опстане во време на политички превирања и промена на кралската власт. Токму, врската помеѓу хаотичниот свет на готвачот и случувањата во дворот станува имплицитна стратешка идеја на текстот “Хамлет во пикантен сос”, кој претставува бисер меѓу концептите карактеристични за “карневалската книжевност”. 

Претставата го претставува светот на дворската кујна како некој вид сензуално или невротично-весело хамлетово подземје, каде се вкрстуваат потсвесните карактерологии на ликовите од Елсинор.

 

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios