“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
 
Наслов на претставата   Ладало
Автор:   Карло Голдони
Режија:   Коле Ангеловски
Сценографија:   Илина Ангеловска
Костимографија:   Лира Грабул
Музика:   Љупчо Мирковски
Улоги:   Гордана ЕндровскаТрајанка ИлиеваГоце ТодоровскиВладимир АнгеловскиДиме ИлиевКалина НаумовскаДушица СтојановскаЃокица ЛукаревскиРоберт ВељановскиЛазе МанасковскиЃорѓи ТодоровскиАнастас Тановски
КГ:   Игор Стојчевски, Димче Мешковски
Инспициент:   Жарко Намичев
Суфлер:   Даница Илиева
     
    КАРЛО ГОЛДОНИ
ЛАДАЛО

Еден од најзначајните италијански и светски комедиографи на осумнаесетиот век, чии дела и ден денес се играат по театарските сцени ширум целиот свет, е роден во Венеција 1707 г., каде, како единаесетгодишно дете, ја пишува својата прва комедија. По желба на своите родители дипломирал право во Падова, но театарот бил и останал негова вистинска и единствена преокупација. Напишал петнаесетина трагикомедии, повеќе либрета за опери и стотина комедии, кои со радост ги исполнуваат не само гледачите туку и актерите кои играат во нив. Најпознати дела му се: “Арлекин, слуга на двајца господари”, “Кафетерија”, “Мирандолина”, ” Рибарски караници”...
Голдони
е познат и како реформатор на италијанскиот театар. На почетокот голем поборник наКомедија дел арте”, подоцна ги менува своите ставови и се залага за цврста драматуршка структура, со дефинирани ликови и карактери и изграден дијалог. Заради своите ставови влегол во конфликт со тогашниот театарски естаблишмент, а особено со Карло Гоци, познат театарски писател, ја напушта Италија и се сели во Франција, каде станува директор на италијанската комедија. Умира, во сиромаштија и осамен во 1793 г., и како на многу големи творци од тој период, не му се знае гробот.
„Ладало”, театарска пиеса, која за прв пат се игра во Македонија, Голдони ја напишал во Париз и како што самиот вели: “ Се обидов да напишам комедија, во која сцените ќе се менуваат во брз ритам, во која актерите ќе имаат фиксирани дијалози и во која главен лик е едно женско ладало, кое, паѓајќи од рацете на една убава девојка, поминува низ многу раце, за на крајот, пак среќно да заврши во рацете на истата девојка.”
Менталитетот
и карактерите на ликовите се многу слични на ликовите од македонското поднебје, затоа приказната на нашава претстава ја сместивме во едно маало, во Скопје, некаде во триесетите години на минатиот век. За да го зајакне ефектот на комедијата, Голдони користел разни дијалекти, па така и во нашава претстава се зборува на еден малку подзаборавен скопски јазик.

Коле Ангеловски

 
Назад   Галерија
     
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios